Ќе згасне ли средбата на Македонците од егејскиот дел на Македонија која 33 години традиционално последната сабота од месец јули се одржувала во потпелистерското село Трново? На неа се собираат Македонци од сите страни на светот, кои за време на Граѓанската војна во Грција во четириесетите години на минатиот век под притисок ги напуштија родните огништа.
Од Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија, кое е организатор на Семакедонската средба, соопштија дека добиле писмо од Општина Битола со предлог на Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров за соединување со нивната средба што се одржува на 2 август во Трново. Ваквата иницијатива предизвика делби во Здружението, кое е едно од најголемите егејски здруженија во земјава.
Членови од раководството се спротивставија на оваа идеја, до таа мера што претседателот Пеце Аспровски си даде оставка, а повеќето не ни присуствуваа на средбата што се одржа на 28 јули во Трново, па посетеноста беше најслаба досега.
Никола Костурски, поранешен претседател, вели дека иницијативата е отфрлена од претседателството на здружението.
„Такви иницијативи имало уште пред 30 години кога тогашниот социјалистички сојуз нè тераше да бидеме заедно со иселеничката средба, а ние не прифативме. Имаше разни притисоци, проби врз активистите. Овие години повторно се актуелизира оваа тема. Дојде едно писмо од градоначалникот во кое предлага да биде една манифестација. Претседателството го разгледа писмото и категорички го отфрли. Има некои поединечни ставови, но тие не се став на претседателството. Став на претседателството е средбата да опстои сама“, рече Костурски.
Но, годинашната организацијата на средбата ја презеде потпретседателот Ѓорги Волчевски, кој, пак, има различно мислење дека средбите треба да се обединат заради поголема посетеност.
„Не треба да го кажеме тоа како притисоци, кај нас уште пред две години дискутиравме на претседателство дека автоматски заради осипување на посетителите треба да се преземи нешто. Ќе преземеме нешто кога ќе ја споиме средбата наша со иселеничката. За тоа ќе има клима и мислам дека ќе се оствари. Самите прилики тоа го налагаат. Ако се сложиме, а би требало да се сложиме, тогаш ќе ги имаме сите наши белези на здружението на таа средба“, изјави Волчевски.
Над три децении, од средбата во Трново се испраќаат силни пораки за опстојување и обединување на македонскиот народ. До пред неколку години доаѓаа истакнати политичари, дури и Никола Груевски првата година кога стана премиер дојде на средбата и им вети на Македонците протерани од егејскиот дел на Македонија дека ќе отвори дијалог со Грција за нивно репатрирање. Во последните две години ни еден политичар не доаѓа на Семакедонската средба во Трново.
Такви иницијативи имало уште пред 30 години кога тогашниот социјалистички сојуз нè тераше да бидеме заедно со иселеничката средба, а ние не прифативме. Имаше разни притисоци, проби врз активистите. Овие години повторно се актуелизира оваа тема.Никола Костурски, поранешен претседател на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
Од Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија, кое е организатор на Семакедонската средба, соопштија дека добиле писмо од Општина Битола со предлог на Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров за соединување со нивната средба што се одржува на 2 август во Трново. Ваквата иницијатива предизвика делби во Здружението, кое е едно од најголемите егејски здруженија во земјава.
Не треба да го кажеме тоа како притисоци, кај нас уште пред две години дискутиравме на претседателство дека автоматски заради осипување на посетителите треба да се преземи нешто. Ќе преземеме нешто кога ќе ја споиме средбата наша со иселеничката. За тоа ќе има клима и мислам дека ќе се оствари. Самите прилики тоа го налагаат.Ѓорги Волчевски, потпретседател на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија.