Достапни линкови

Средбите, потсетник на егзодусот


Деновиве Македонците од Егејска Македонија се собраа во подпелистерското село Трново.
Деновиве Македонците од Егејска Македонија се собраа во подпелистерското село Трново.

Средбата на Македонците од Егејска Македонија што се одржа во село Трново ги потсети на непријатните спомени за преживеаниот егзодус и напуштањето на родните огништа.

Се уште има живи Македонци кои седочат за егзодусот што го проживеале за време на Граѓанската војна во Грција 1948 година, кога биле приморани да ги напуштат родните огништа во Егејска Македонија. Многу вакви потресни приказни можат да се слушнат на иселеничките средби кои преку лето се одржуваат во Битолско. 68-годишната битолчанка Сандра Цветковска, селото Герман или Германос како што
Војна имаше, почнаа да ни ги палат колибите каде се криевме. Не пратија тука со децата бегалци со надеж дека кога ќе заврши војната ќе се вратиме назад.

денес се нарекува во Грција, го напуштила на пет годишна возраст, по што десет години нејзиното шест члено семејство живеело распрскано во три држави.

„Војна имаше, почнаа да ни ги палат колибите каде се криевме. Не пратија тука со децата бегалци со надеж дека кога ќе заврши војната ќе се вратиме назад. Прво не однесоа во Браилово, таму спиевме на слама, беше многу нечисто и многу деца испоумреа. Потоа не разделија, брат ми и сестра ми помалата ги пратија Чехословачка, мене во Бела Црква. Пребега татко ми да не бара, ме најде преку Црвевниот крст. Мајка ми имаше мало бебе и остана да ја варди куќата, дури потоа преку Алабанија замина во Полска. Шест мина бевме, а разделени во три држави. При фамилија без фамилија“, низ солзи раскажува Цветковска.

Родното место до сега го посетила шест пати, но семејната куќа била претворена во штала за кози.

„Како куќата да ја проголтала јама, имаше рушевина, без покрив и прозорци. Во неа некој одгледуваше кози. Срцето ми се стегна, цел пат до Македонија го преплакав. На сите страни имаше гној, запустено се, само
Пребегавме во 1944 година зашто ни ги гореа куќите. Беше 8 март имаше голем снег, тоа беше третиот пат кога ни го запалија селото, цело изгоре. Имаше 1733 жители Македонци, едно од најчистите и најголемите села.

беше останата железната порта и катанецот што го ставиле моите при напуштањето на куќата. Кога се вратив тука му кажав на татко ми. Тој рече јас да бев ќе ги избркав козите. По кусо време умре од болка“, додава Цветковска.

Алексо Стојановски (80) е уште еден Македонец, по потекло од село Ранци (Ермаќа), пребеган за време на Грѓанската војна од Грција.

„Пребегавме во 1944 година зашто ни ги гореа куќите. Беше 8 март имаше голем снег, тоа беше третиот пат кога ни го запалија селото, цело изгоре. Имаше 1733 жители Македонци, едно од најчистите и најголемите села. Бегавме боси и голи, што ќе земете со вас кога некој ви ја пали куќата? Еден од браќата ми убија во селото. Тогаш убија 74 Македонци во една куќа. Имав само 13 години, а со мене бегаше и сестра ми 2,5 годишно девојче. Не сум го посетил родното место, отиде жена ми пред многу години, останале само темели“, вели Стојановски.

На Македонците кои ги напуштија свите родни огништа во Егејска Македонија, до денес Грција не им ги вратила имотите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG