Помина половина година откако Владата формира посебна Комисија за да им помогне на Македонците од Егејска Македонија да си ги повратат имотите во Северна Грција преку тужби до Стразбур, но работата тапка во место. На ова се пожалија претставници на Заедницата на организациите на протераните Македонци од Егеска Македонија, невладин сојуз во кого членуваат 24 егејски здруженија.
„Ова тело постои од Нова Година наваму. Одржани се два состаноци, после вториот состанок се смена претседателот. Наименуван е друг кој не знае што треба да се работи, односно почнавме од прво да се докажуваме кој сме, што сме и што бараме, до ставови дека ова нешто не може да помине во Стразбур, дека секое барање е индивидуално и треба да се почне од Основниот суд, па на Врховен воГрција и на крај ако бидеме одбиени да одиме во Стразбур.“
вели Никола Костурски, член на претседателството во Заедницата на егејските здруженија. Во прво време се размислувало за поднесување на колективна тужба, а сега секој оштетен поединечно да поднеси тужба против Грција. Досега се собрани 10 илјади поднесоци за враќање на имоти од Северна Грција. Костурски вели дека се уште се бараат адвокатски канцеларии во Европа и Грција кои ќе им помогнат во споровите. Воедно од многуте барања за враќање на имотите треба да се одредат 20-тина најрепрезентативни за кои прво ќе бидат поднесени тужби до Судот за човекови права во Стразбур. Ако поминат тие, тогаш масовно ќе се достават останатите. Владата на Груевски е единствената во македонската историја која пред меѓународната заедница го отвори т.н. егејското прашање. Таа донесе декларација дека ќе ги подржи бегалците во нивните барања за враќање на имотите, двојно државјанство и непречена посета на родните огништа. Но, се останало само на декларативна заложба, велат егејците.
„Ние сме државјани на оваа држава и имаме право од неа да бараме да се залага како држава пред Грција, пред меѓународната јавност за враќање на нашите одземени човекови права во Грција. Овие потреби за едно поголемо институционално обраќање до грчката влада, до Стразбур и меѓународната заедница, како држава Македонија ќе има поголем ефект.“
додава Костурски.
Илјадници Македонци за време на Граѓанската војна во 1949 година беа протерани од нивните родни огништа во Егејска Македонија, денешна Северна Грција. Нивните имоти денес се проценуваат на 10 милијарди евра
„Ова тело постои од Нова Година наваму. Одржани се два состаноци, после вториот состанок се смена претседателот. Наименуван е друг кој не знае што треба да се работи, односно почнавме од прво да се докажуваме кој сме, што сме и што бараме, до ставови дека ова нешто не може да помине во Стразбур, дека секое барање е индивидуално и треба да се почне од Основниот суд, па на Врховен во
Почнавме од прво да се докажуваме кој сме, што сме и што бараме, до ставови дека ова нешто не може да помине во Стразбур, дека секое барање е индивидуално и треба да се почне од Основниот суд, па на Врховен во Грција и на крај ако бидеме одбиени да одиме во Стразбур