Достапни линкови

Со пушење и пиење не се полни буџетот


Не е проблемот во зголемувањето на акцизите, туку во куповната моќ на граѓаните, вели потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов. За Министерството за финансии, пак, буџетот има добра ликвидност.

Буџетскиот дефицит во јуни се зголеми за 22,4 милиони евра, со што буџетската дупка во првата половина од годината достигна 224,7 милиони евра, што е скоро 80 отсто од планираниот дефицит од 288 милиони евра, односно 3,5 отсто од БДП-то, за целата година.
Редовно и навремено се извршува исплатата на платите, пензиите, обврските кон стопанството, капиталните инвестиции се одвиваат согласно однапред утврдената динамика и така и ќе продолжи во иднина. Значи, имаме добра ликвидност.
Министерство за финансии.

Според податоците на Министерството за финансии, во првата половина од годината владата собрала 1,074 милијарди евра, односно околу 44,6 од вкупните буџетски приходи за целата година, а потрошила 1,298 милијарди евра, односно 46 отсто од планираното за целата година.

Во споредба со истиот период од минатата година, во првата половина од годинава, државата во буџетот собрала 14 милиони евра помалку, а потрошила 80 милиони евра повеќе.
Не е проблемот во зголемувањето на акцизите, проблемот е во куповната моќ, во платежната способност на населението. Вие може да го направите алкохолот и три пати поскап, но тоа не значи дека луѓето ќе пијат исто и буџетот повеќе ќе се полни. Ќе пијат три пати помалку и ќе бидат три пати повеќе нервозни и буџетот нема да го спасите така. Исто е и со бензините и со другите акцизни стоки. Немаме ние платежна способност за владата да може да каже – Ми требаат малку повеќе пари, сега ќе зголемам акцизи, луѓето ќе трошат и буџетот ќе се наполни. Тоа е од оние приказни - Како Мали Ѓокица замислува економска политика.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Најголемо потфрлање во полнењето на буџетската каса има во делот на ДДВ и акцизите. Во првите шест месеци од годинава, од ДДВ се собрани 292 милиони евра, за разлика од 307 милиони евра во истиот период минатата година. Во првата половина од годинава се собрани 7 милиони евра помалку од акцизи во однос на истиот период лани. Намалувањето на приходите од ДДВ делумно се должи на враќањето на долговите кон стопанството на почетокот на годинава, но според опозицијата, тоа покажува дека паѓа стандардот на граѓаните.

Со оглед на тоа дека за половина година е потрошени 80 отсто од предвидениот дефицит за целата година, во Министерството за финансии прашавме дали размислуваат за ребаланс, или, пак, очекуваат буџетот да се полни подобро во втората половина од годината.

„Редовно и навремено се извршува исплатата на платите, пензиите, обврските кон стопанството, капиталните инвестиции се одвиваат согласно однапред утврдената динамика и така и ќе продолжи во иднина. Значи, имаме добра ликвидност“, ни одговорија во Министерството за финансии.

Опозицискиот СДСМ уште на почетокот на месецов побара рано наесен да се направи ребаланс на буџетот со кој ќе се намалат расходите и ќе се запре со задолжувањата на државата. Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов вели дека економската политика на владата мора да се промени. Тие трошат многу за да останат на власт, но државата е побитна од тоа кој е на власт, вели тој.

„Ако владата продолжи со ова темпо да создава дефицит, тоа значи дека до крај на годината дефицитот ќе биде, не 3,5 отсто од БДП-то, туку преку 5 или 6 отсто од БДП-то и тоа е веќе многу опасна политика, тоа е веќе презадолженост“, вели Узунов.

Според дел од аналитичарите, владата чека да ги види ефектите од зголемувањето на акцизите за алкохолот и цигарите врз полнењето на буџетот, пред да се одлучи на ребаланс, но Узунов смета дека тоа е фаќање на давеникот за сламка.

„Не е проблемот во зголемувањето на акцизите, проблемот е во куповната моќ, во платежната способност на населението. Вие може да го направите алкохолот и три пати поскап, но тоа не значи дека луѓето ќе пијат исто и буџетот повеќе ќе се полни. Ќе пијат три пати помалку и ќе бидат три пати повеќе нервозни и буџетот нема да го спасите така. Исто е и со бензините и со другите акцизни стоки. Немаме ние платежна способност за владата да може да каже – Ми требаат малку повеќе пари, сега ќе зголемам акцизи, луѓето ќе трошат и буџетот ќе се наполни. Тоа е од оние приказни - Како Мали Ѓокица замислува економска политика“, вели Узунов.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG