Достапни линкови

Аларм за одбегнување банкрот на Македонија


Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов во 2011 година.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов во 2011 година.

Власта треба да ја послуша пораката на НБРМ и да престане да се задолжува, коментират дел од експертите. Поранешниот гувернер Петар Гошев смета дека јавните финансии никогаш не биле толку матни.

Фискалната политика досега ја поддржуваше економијата во период на послаба побарувачка, сега тоа е исцрпено, па Македонија мора да размислува за средување на буџетскиот дефицит на ниво кое нема да го зголемува јавниот долг. На среден рок треба да се размислува во таа насока, порача гувернерот на Народната банка Димитар Богов. За експертите, изјавата на Богов дека е време за нова политика е порака до владата за тоа како треба во наредниот период да ја предводи земјата на економски план.
На тоа предупредувавме уште минатата година, како темпо коешто е неодржливо, на тоа предупреди и меѓународниот монетарен фонд со својот професионален речник, намалувањето на кредитниот рејтинг исто така значеше предупредување, така што тука нема никакво изненадување и оваа изјава од Народната Банка е претпазливо посочување на правецот во кој не треба да оди владата.
Петар Гошев, поранешен гувернер на Народна Банка.

Поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев вели дека јавните финансии никогаш досега на биле толку матни. Потврда за тоа е барањето од ММФ за транспарентност, намалување на задолжувањето и продуктивно користење на јавните пари, се спротивно од тоа што го прави владата, вели тој.

„Веќе подолго време се знае што се случува со јавниот долг на Република Македонија, едноставно не може повеќе да се става под черга или под тепих. На тоа предупредувавме уште минатата година, како темпо коешто е неодржливо, на тоа предупреди и Меѓународниот монетарен фонд со својот професионален речник, намалувањето на кредитниот рејтинг исто така значеше предупредување, така што тука нема никакво изненадување и оваа изјава од Народната банка е претпазливо посочување на правецот во кој не треба да оди владата“, вели Гошев.
Графикон на Народна банка на Република Македонија за состојбата со бруто надворешниот долг
Графикон на Народна банка на Република Македонија за состојбата со бруто надворешниот долг

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека радува тоа што разумот во економијата проработи, особено тоа што доаѓа од Народната банка и за доброто на сите е да се престане со нефункционалното задолжување.
Пред се во интерес на владата е да го послуша, затоа што ни една влада не би сакала во нејзино време да се прогласи банкрот, а доколку се освестиме нема да се случи, Македонија има шанси.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

„Тоа е аларм бидејќи доколку Македонија продолжи така, едноставно само ќе ни се објави банкрот. Јас знам дека тоа не го сака никој во оваа држава и затоа добронамерно да се сфати тоа, да седнат сите релевантни и институции и поединци. Овде веќе не се работи за опозиција и власт, надминати се сите црвени линии. Македонија нема бази којашто продуцираат приливи, нема база која продуцира извоз. Ние како да стоиме на санта мраз за која знаеме дека се топи, а немаме решение, ниту, пак, имаме каква било алтернатива, прашање на ден е кога ќе потонеме.“

Витанов порачува дека владата треба да го послуша предупредувањето од Народната банка.

„Пред се во интерес на владата е да го послуша, затоа што ни една влада не би сакала во нејзино време да се прогласи банкрот, а доколку се освестиме нема да се случи, Македонија има шанси.“

Според последните податоци со кои излезе Министерството за финансии, јавниот долг на Македонија во април изнесувал 34,1 процент од БДП.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG