Достапни линкови

Изборите ја проширија буџетската дупка


Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека само во првите три месеци годинава буџетскиот дефицит е 186 милиони евра што е скоро две третини од вкупниот буџетски дефицит од 288 милиони евра предвиден за целата година.

Владата за годинава ем предвиде поголема буџетска дупка која ќе треба да се пополнува со задолжување, ем и таа поголема дупка засега е премала. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека само во првите три месеци годинава буџетскиот дефицит е 186 милиони евра што е скоро две третини од вкупниот буџетски дефицит од 288 милиони евра предвиден за целата година.
Во првиот квартал од годинава во буџетот влегле 30 милиони евра помалку отколку во истиот период минатата година, но затоа владата потрошила скоро 82 милиони евра повеќе отколку во првите три месеци од 2012 година.

При донесувањето на буџетот за годинава, владата предвиде поголем буџетски дефицит од минатата година, односно разликата меѓу расходите и приходите што се надополнува со задолжување да биде 3,5 отсто од БДП-то, наместо 2,5 отсто колку што беше во претходните години.

Споредувањето на приходите и расходите во буџетот во првиот квартал од годинава и од минатата година покажува дека во првиот квартал од годинава во буџетот влегле 30 милиони евра помалку отколку во истиот период минатата година, но затоа владата потрошила скоро 82 милиони евра повеќе отколку во првите три месеци од 2012 година.

Минусот само во изборниот март годинава изнесува 78,5 милиони евра, што е повеќе отколку во целиот прв квартал од претходната 2012 година, кога во првите три месеци е направен дефицит од 73,6 милиони евра. Ако се погледнат поединечните ставки на расходите во март, се гледа дека најголем скок покажала ставката други трансфери, каде што влегуваат субвенциите. Па така, во март годинава по основ на други трансфери Владата потрошила 77,9 милиони евра, за разлика од истиот месец претходната година кога биле потрошени 31,5 милиони евра.
јануари февруари март вкупно дефицит
2012 приходи 10,352 10,332 11,114 31,798 4,530
расходи 11,781 12,203 12,344 36,328
2013 приходи 10,647 8,281 11,001 29,929 11,421
расходи 13,523 11,998 15,829 41,350
Извор: Министерство за финансии(сумите се во милијарди денари)

Економскиот аналитичар, поранешниот пратеник Слободан Најдовски вели дека пред прецизно да се анализира што ќе се случува понатаму, треба да се почека извештајот за буџетските приходи и расходи за април, затоа што, како што вели, има трошоци што владата ги направи пред вториот круг од локалните избори. Први на удар ќе бидат капиталните инвестиции, вели Најдовски.
Секогаш на почетокот на годината кога го предлага буџетот, предлага високи стапки на капиталните трансфери, но секогаш на крајот на годината, особено кога ќе ја погледнете завршната сметка, во ниедна година од овие 7 години не е остварена стапката на капиталните трансфери
Слободан Најдовски, поранешен пратеник.

„Па како и досега, за оваа влада тоа е карактеристично, секогаш на почетокот на годината кога го предлага буџетот, предлага високи стапки на капиталните трансфери, но секогаш на крајот на годината, особено кога ќе ја погледнете завршната сметка, во ниедна година од овие 7 години не е остварена стапката на капиталните трансфери, што значи дека сепак буџетот и понатаму нема да придонесува за развој на македонската економија.“

До објавувањето на овој текст од Министерството за финансии не одговорија на нашето прашање што планира Министерството да прави во врска со големиот дефицит – нов ребаланс и кратење на трошоци, зголемување на буџетскиот дефицит и нови задолжувања, или, пак, проценува дека до крајот на годинава буџетот ќе се полни подобро и нема да се надмине планираниот дефицит.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG