За изградба на фонтани и помали плоштади, реконструкција на веќе постоечки или уредување на плато во изминативе 5 години локалните татковци потрошија вкупно 21 милиони и 413 илјади евра. Овие податоци се добиени од Бирото за јавни набавки. Според нив, најголем трошаџија за фонтани и плоштади била Општина Центар, која од 2010 до 2012 година потрошила вкупно 15 милиони и 663 илјади евра, од кои само комплексот фонтани на плоштадот Карпошово востание изнесува над 4 милиони евра. Во оваа сума не влегуваат спомениците поставени во тој дел. Само на територијата на општината се изградени повеќе од 5 фонтани.
По неа следува скопската општина Чаир која одвоила 2,5 милиони евра за изградба на плоштадот Скендер бег, а трета е Гази Баба со потрошени 760 илјади евра за уредување на плоштадот со фонтани при што во оваа сума влегуваат и гипсаните модели за декорација на плоштадот што ги изработила Валентина Стефановска.
На интернет страната на Бирото за јавни набавки е заведено дека Општина Свети Николе за изградба на фонтана распишала два тендера со вкупна вредност од 265 илјади евра. Неодамна во медиумите осамна информација дека новата фонтана во општината е изградена без одвод.
Според податоците на Бирото за јавни набавки, Општина Чучер Сандево потрошила најмалку пари за изградба на плоштад во село Кучевиште, односно за таа намена издвоила 45 илјади евра.
Разликите во јавните набавки од една од друга општина се големи, но проблемот е во тоа за што и како општините ги трошат народните пари. Александар Цветкоски од невладината организација АГТИС вели дека граѓаните малку знаат како се трошат нивните пари, но најголем ефект на нив има она што го гледаат дека се гради, а тоа во речиси секоја општина е нискоградба.
„Ако ја земете за пример високоградбата, тука има по квадратен метар и се знаат какви се цените, па затоа тука нема многу место за манипулација. Кога градите фонтани, нискоградба и сето тоа вие можете да кажете дека вреди многу повеќе и тоа е еден постојан извор за перење пари. Мислам дека сегашните власти не откриваат топла вода, тоа секогаш се правело со тендерите“, вели Цветкоски.
Во изминатава година, според мониторингот на јавните набавки на локално ниво, невладината организација Центар за граѓански комуникации забележала одредени прекршувања,нелогичности и забелешки во начинот на спроведување на локалните тендери. Претседателот на организацијата, Герман Филков, вели дека акутен проблем во јавните набавки е поставувањето на многу високи услови за учество на фирмите во јавните набавки со што се нарушува конкуренцијата, односно се намалува кругот на фирми кои може да учествуваат во јавните набавки. Филков посочува еден пример од истражувањето каде што една општина за новогодишно украсување бара од понудувачот да има двегодишно искуство, со одредени професионални квалификации на вработените, посебно возило со корпа, а набавката чини 4.200 евра. Според законот, за набавка до 5 илјади евра е доволно учесникот на тендерот да има регистрирана дејност.
„Меѓутоа овде се брзало очигледно, затоа што договорот нормално имало еден понудувач што ги исполнува овие услови, договорот е склучен на 18-ти декември, токму да има 12 дена за фирмата да ги постави украсите. Дилемите се: Што ако се јавеле повеќе фирми? Што ако имало е-аукција што би ја одложило постапката? Што ако имало некој што се жали, кога ќе се украсувала општината? Во февруари ли? Значи поставувањето на овие услови овде очигледно е за да се избере еден познат понудувач кој што брзо ќе ја заврши работата и општината ќе осамне на Нова година украсена. Инаку нема други причини зошто во мала набавка се бараат толку услови.“
Ваквите примери не се ретки, забележува Филков.
Тој додава дека во анализата забележале големи разлики во трошењето на пари од една до друга општина. Прворангираната е Општина Центар со потрошени 412 евра по жител (вкупно потрошени се 18.730.888 евра), додека последнорангирана е Шуто Оризари со потрошени 2 евра по жител, односно 48.780 евра во 2012 година.
Во анализата исто така се констатирани и одредени нелогичности во спроведување на набавките, неодржување на аукциите поради тоа што имало еден или ниту еден понудувач, но и поништување на постапките за јавните набавки. Ваквите недоследности, сметаат од Центарот, ја отвораат дилемата дали јавните набавки се спроведуваат само за да се запази форма, што ја наметнува потребата од воведување контролни механизми за спречување на злоупотреби и прекршувања во сите фази од јавните набавки.
Ако ја земете за пример високоградбата, тука има по квадратен метар и се знаат какви се цените, па затоа тука нема многу место за манипулација. Кога градите фонтани, нискоградба и сето тоа вие можете да кажете дека вреди многу повеќе и тоа е еден постојан извор за перење пари. Мислам дека сегашните власти не откриваат топла вода, тоа секогаш се правело со тендерите.Александар Цветкоски, АГТИС.
По неа следува скопската општина Чаир која одвоила 2,5 милиони евра за изградба на плоштадот Скендер бег, а трета е Гази Баба со потрошени 760 илјади евра за уредување на плоштадот со фонтани при што во оваа сума влегуваат и гипсаните модели за декорација на плоштадот што ги изработила Валентина Стефановска.
На интернет страната на Бирото за јавни набавки е заведено дека Општина Свети Николе за изградба на фонтана распишала два тендера со вкупна вредност од 265 илјади евра. Неодамна во медиумите осамна информација дека новата фонтана во општината е изградена без одвод.
Според податоците на Бирото за јавни набавки, Општина Чучер Сандево потрошила најмалку пари за изградба на плоштад во село Кучевиште, односно за таа намена издвоила 45 илјади евра.
Меѓутоа овде се брзало очигледно, затоа што договорот нормално имало еден понудувач што ги исполнува овие услови, договорот е склучен на 18-ти декември, токму да има 12 дена за фирмата да ги постави украсите. Дилемите се: Што ако се јавеле повеќе фирми? Што ако имало е-аукција што би ја одложило постапката? Што ако имало некој што се жали, кога ќе се украсувала општината? Во февруари ли? Значи поставувањето на овие услови овде очигледно е за да се избере еден познат понудувач кој што брзо ќе ја заврши работата и општината ќе осамне на Нова година украсена. Инаку нема други причини зошто во мала набавка се бараат толку услови.Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.