Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека Едвард Сноуден не е активист за човекови права, туку човек кој е обвинет за одавање доверливи информации.
„Нашата позиција е дека господин Сноуден треба да биде протеран во Соединетите Држави и оти не би требало да му се дозволи натамошно патување во странство, со исклучок на неговото враќање во Соединетите Држави. Тој не е активист за човекови права. Тој не е дисидент“, рече Карни.
Сноуден аплицираше за привремен азил во Русија по тринеделен престој во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.
Вашингтон сака да му се суди на поранешниот соработник за разузнавачките служби за откривање детали за американските програми за следење.
Неколку јужноамерикански земји му понудија азил на Сноуден, но тој се плаши да патува, откако во почетокот на месецов авионот на боливискиот претседател беше приземјен во Европа на летот за Ла Паз поради сомневање дека во него се наоѓал и Сноуден.
Михаил Федотов, шеф на рускиот Совет за човекови права, вчера изјави дека на Сноуден би требало да му биде даден привремен азил се додека агенцијата на Обединетите нации за бегалци не му обезбеди сигурен транспорт до некоја земја која му понудила постојан азил.
Белата куќа побара отфрлање на неговото барање за азил во Русија, а портпаролот Карни сугерираше дека токму Путин е тој кој конечно ќе ја донесе одлуката.
„Претседателот Путин е претседател на државата, но веруваме дека и владата очигледно има своја улога и можност да работи со нас преку нормални канали со цел да го протера Сноуден“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.
Во понеделникот Путин го оцени пристигнувањето на Сноуден во Москва за непожелен американски подарок за Русија.
Тој исто така го обвини Вашингтон за застрашување на другите земји со цел да одбијат да го прифатат Сноуден. Сепак, Путин денеска оцени дека руско-американските односи се поважни од расправиите на разузнавачките служби.
„Нашите билатерални врски, според мое мислење, се многу поважни од какви било расправии околу работата на безбедносните служби“, рече Путин.
Руската федерална служба за миграциски прашања соопшти дека барањето на Сноуден за азил ќе биде разгледано во рок од три месеци.
„Доколку неговото барање биде одобрено, ќе му биде даден едногодишен статус на бегалец. Тој потоа може бескрајно да аплицира за продолжување на ваквиот статус. Сноуден нема да има исти права и обврски како Русите, но ќе може слободно да се движи и да работи“, изјави рускиот адвокат Анатолиј Кучерена, кој работи за Едвард Сноуден, кој и претходно бараше руски азил.
Тогаш Путин изјави дека ќе му биде доделен само ако се согласи да не открива повеќе информации во јавноста. Сноуден потоа, како што соопшти Кремљ, ја повлекол понудата.

Нашата позиција е дека господин Сноуден треба да биде протеран во Соединетите држави и оти не би требало да му се дозволи натамошно патување во странство, со исклучок на неговото враќање во Соединетите држави. Тој не е активист за човекови права. Тој не е дисидент.Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.
Неколку јужноамерикански земји му понудија азил на Сноуден, но тој се плаши да патува, откако во почетокот на месецов авионот на боливискиот претседател беше приземјен во Европа на летот за Ла Паз поради сомневање дека во него се наоѓал и Сноуден.
Михаил Федотов, шеф на рускиот Совет за човекови права, вчера изјави дека на Сноуден би требало да му биде даден привремен азил се додека агенцијата на Обединетите нации за бегалци не му обезбеди сигурен транспорт до некоја земја која му понудила постојан азил.
Белата куќа побара отфрлање на неговото барање за азил во Русија, а портпаролот Карни сугерираше дека токму Путин е тој кој конечно ќе ја донесе одлуката.
„Претседателот Путин е претседател на државата, но веруваме дека и владата очигледно има своја улога и можност да работи со нас преку нормални канали со цел да го протера Сноуден“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.
Во понеделникот Путин го оцени пристигнувањето на Сноуден во Москва за непожелен американски подарок за Русија.
Нашите билатерални врски, според мое мислење, се многу поважни од било какви расправии околу работата на безбедносните служби.Владимир Путин, претседател на Русија.