Нови информации укажуваат дека Соединетите американски држави ги шпионираат Франција Грција и Италија. Информациите ги обелодени поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден кој се уште не е екстрадиран во матичната земја. Британскиот весник „Гардијан“ цитира документи кои ги откри Сноуден во кои е наведено дека Американската агенција за безбедност вршела електронска шпионажа на европската делегација во Вашингтон и европските претставници во Обединетите нации. Весникот пишува дека се следеле и земји кои не се сојузници на сад меѓу кои и Јапонија и Турција.
„Доколку се докаже дека информациите се вистинити, ќе биде потребно под итно да се разјаснат медиумските обвинувања за шпиунажа на канцеларии на европски делегации. Европската комисија побара од Европскиот акциски сервис да го разгледа случајот со американските власти во Вашингтон а во Брисел ќе се разгледува веродостојноста на ваквите извештаи“ изјави Хансен.
Германскиот „Шпигел“ пишува дека се мониторирале и комуникациите меѓу институции во Германија. Вашинготн најави одговор на обвинувањата. Портпаролот на директорот за национална безбедност Џејмс Клаперф изјави дека американските служби прибираат информации кои секоја земја ги добива од сопствените безбедносни структури. Американскиот државен секретар Џон Кери се наврати на обвинувањата за шпионажа:
„Ќе кажам дека секоја земја во светот е вмешана во меѓународните односи и се превземаат разни активности за заштита на националната безбедност. Секакви информации имаат значење за безбедноста и прибирањето на истите не е невообичаено за било која држава.“ рече Кери додавајки дека нема да дава дополнителни коментари се додека не се утврдат фактите.
Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека има доволно информации за кои се бараат објаснувања додавајки дека шпионажата мора веднаш да престане. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун исто така излезе со приговори за постапките на американските власти.
Едвард Сноуден се соочува со обвинувања за шпиунажа во Соединетите американски држави. Се верува дека тој се уште се наоѓа во транзит зоната на аеродромот во Москва, каде пристигна на 23-ти минатиот месец. Руските власти не ги прифатија американските барања за негова екстрадиција.
„Доколку се докаже дека информациите се вистинити, ќе биде потребно под итно да се разјаснат медиумските обвинувања за шпиунажа на канцеларии на европски делегации. Европската комисија побара од Европскиот акциски сервис да го разгледа случајот со американските власти во Вашингтон а во Брисел ќе се разгледува веродостојноста на ваквите извештаи“ изјави Хансен.
Секакви информации имаат значење за безбедноста и прибирањето на истите не е невообичаено за било која државаЏон Кери , државен секретар на САД