Британскиот весник Гардијан објави нови делови од интервјуто со Едвард Сноуден, поранешен соработник на американските служби за безбедност, коj објави детали за следењето на телекомуникациите. Интервјуто е снимено во Хонг Конг на 6-ти јуни. Сноуден сеуште е на аеродромот во Москва и чека на азил и трансфер до некоја земја. Во интервјуто, тој говори за неговите мотиви за откривање на начините на кои се следат и складираат телефонските и интернет комуникациите на луѓето, како и за соработката на големите интернет компании со американските служби за безбедност.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете