Достапни линкови

Како до раздолжувања во стопанството?


Илустрација.
Илустрација.

Либералната партија предложи законско решение, според кое, рокот во кој должникот треба да му плати на доверителот да не биде подолг од 60 дена.

Бавно оди раздолжувањето меѓу приватниот сектор и државата и тоа се одразува на тековното работење, велат бизнисмените. Либералната партија предложи законско решение, според кое, рокот во кој должникот треба да му плати на доверителот да не биде подолг од 60 дена. Според партијата, целта на предлогот, кој бил во согласност со европските регулативи, е да се излезе во пресрет на барањата на бизнисот.
Крајната инстанца е судско побарување и на крај извршители итн., меѓутоа нели имаше еден период кога се доцнеше, така да кажеме, на сите страни, приватниот сектор меѓу себе, дел од јавните набавки исто така, меѓутоа сега веќе има некоја динамика и може да се каже дека на некој начин тековно се одржуваат тие односи.
Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија вели дека во слободната пазарна економија е дозволено должниците и доверителите сами да се договараат за колку време ќе биде подмирен долгот. Сепак, според него, се случува да се доцни со исполнување на обврските.
Илустрација.
Илустрација.

„Крајната инстанца е судско побарување и на крај извршители итн., меѓутоа нели имаше еден период кога се доцнеше, така да кажеме, на сите страни, приватниот сектор меѓу себе, дел од јавните набавки исто така, меѓутоа сега веќе има некоја динамика и може да се каже дека на некој начин тековно се одржуваат тие односи“, вели Бошков.
Кога нема визии во стопанството и нови идеи, нови производи, тогаш застанува во кругот кој кого ќе превари и кој колку ќе се додвори до позициите на власта.
Зоре Темелковски, бизнисмен.

Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека наплатата на пазарот е никаква, но не поради тоа што нема механизми.

„Кога нема визии во стопанството и нови идеи, нови производи, тогаш застанува во кругот кој кого ќе превари и кој колку ќе се додвори до позициите на власта, затоа што власта извонредно си го менаџира она за што е избрана од народот, тоа е наплатата на буџетските пари и таа си ги користи за своите потреби. Е сега, кога таа ги користи, овие се инволвираат до власта и до политичките партии, еден дел ја плукаат власта, друг дел се задоволни, зашто тие самите немаат своја идеја и немаат своја реализација“, вели Темелковски.

Според Бошков доцнењето на наплатата на долговите секогаш влијае на функционирањето на компаниите.

„И покрај тоа што се работи во слободна пазарна економија, секој пат се планираат обврските и инвестициите и развојот, така што оние средства кои се планираат, дали било по основ на обврски, по основ на плати, по основ на инвестиции, не треба да се имаат на хартија, туку треба да се имаат на сметка или во банка за да може да се остваруваат сите бизнис замисли, идеи и обврски“, вели Бошков.

Во предлог-законот е предвидено должникот кој нема да ја исполни обврската во утврдените рокови да добие парична казна од 2.000 до 5.000 евра, а одговорното лице од 500 до 1.000 евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG