Нетранспарентност во дипломатските настани на Македонија, монополизирање на оваа активност, замолчен министер за надворешни работи и амбасадори кои се улашени и не смееат да дадат ни една изјава за домашните медиумите, а камо ли да напишат еден текст за медиумите во земјата во која што се наоѓаат. Вака поранешниот дипломат и амбасадор во НАТО Нано Ружин ја опишува македонската надворешна политика која, како што вели, само е пресликување на внатрешните политички случувања во земјава. Тој додава дека во последниов период евидентно е отсуство на коориднираност којашто се должи на потценување на меѓународните односи и дипломатијата.
„Од една страна го гледаме претседатолот на државата кој што се зафаќа за „ ерга омнес“ кога е во прашање Република Македонија, една недела потоа премиерот испраќа писмо до грчкиот премиер дека прифаќа одредени разговори за изнаоѓање на компромисно решение. Паралелно коалициониот партнер Али Ахмети води сопствена дипломатија што е вон сите институции.“
Правејќи паралела на дипломатијата сега и изминативе 20 години Ружин вели дека период од 90- тите години може да се оцени како успешен во промовирањето на Македонија со оглед на тоа што во тој период беа испраќани професионалци за разлика од сега. Но, додава дека работите никогаш не биле сјајни.
„Македонија значи не испраќаше доволно инструкции од страна на министерите и останатите авторитети кон своите амбасадори. Но исто така и амбасадорите
пишуваа депеши кои што често пати беа адаптирани согласно со тоа што вашиот шеф, лидер, министер сака да слушне.“
Од друга страна пак, тој вели, дека во изминативе години партиските војници лесно стануваа амбасадори.
„Административци кои што заради некој партиски успех во некоја мала општина или во некоја институција беа праќани како дипломати, што се случи особено од времето кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. И во епохата на СДСМ имаше такви случаи, но тоа беа колку толку излолирани.“
Еден од првите амбасадори на Македонија Благој Зашов вели дека порано амбасадорите се соочувале со многу тешки услови за работа имајќи ја на ум се уште не воспоставената институциинална инфраструктура.
„Македонските дипломати во последните 20 години успешно работеа во извонредно тешки услови и финансиски, а многу често не доаѓаа навреме инструкции од централата како што велиме ние дипломатите, мислам на министертвото за надворешни работи, но ние искусните дипломати знаевме да се снаоѓаме.“
Тој додава дека дипломатијата е занает кој што се учи цел живот, и ако некој млад човек веднаш стане амбасадор очегледно е дека тој не е спремен да одговори на предизвиците кои што доаѓаат со професијата.
Годинава се одбележува 20 годишнина од отварањето на првите амбасади во Словенија и Турција. Првите амбасадори кои заминаа во тие земји беа Димитар Мирчев и Данчо Марковски.
Административци кои што заради некој партиски успех во некоја мала општина или во некоја институција беа праќани како дипломати, што се случи особено од времето кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. И во епохата на СДСМ имаше такви случаи, но тоа беа колку толку излолирани.Нано Ружин, поранешен дипломат и амбасадор во НАТО.
„Од една страна го гледаме претседатолот на државата кој што се зафаќа за „ ерга омнес“ кога е во прашање Република Македонија, една недела потоа премиерот испраќа писмо до грчкиот премиер дека прифаќа одредени разговори за изнаоѓање на компромисно решение. Паралелно коалициониот партнер Али Ахмети води сопствена дипломатија што е вон сите институции.“
Правејќи паралела на дипломатијата сега и изминативе 20 години Ружин вели дека период од 90- тите години може да се оцени како успешен во промовирањето на Македонија со оглед на тоа што во тој период беа испраќани професионалци за разлика од сега. Но, додава дека работите никогаш не биле сјајни.
„Македонија значи не испраќаше доволно инструкции од страна на министерите и останатите авторитети кон своите амбасадори. Но исто така и амбасадорите
Македонските дипломати во последните 20 години успешно работеа во извонредно тешки услови и финансиски, а многу често не доаѓаа навреме инструкции од централата како што велиме ние дипломатите, мислам на министертвото за надворешни работи, но ние искусните дипломати знаевме да се снаоѓаме.Благој Зашов, поранешен дипломат.