Иако во јавноста веќе се појавија информации за имињата кои ќе ги пополнат осумнаесетте амбасадорски фотелји ширум светот, а најголемиот дел од нив веќе извршуваат таква функција, поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека не треба да се прејудицира со имињата на потенцијалните амбасадори. Никовски вели дека е неизбежно во таа листа да се најдат и актуелни амбасадори, но исто така очекува и изненадувања.
„Шпекулации секогаш имало, многу често шпекулациите и се остварувале, меѓутоа да почекаме. Јас мислам дека ќе има изненадувања, ќе има и нови луѓе, а дека ќе има и стари луѓе, тоа е сосема нормално и неизбежно.“
Спротивно на тврдењата на Никовски, поранешниот амбасадор во Швајцарија, Алајдин Демири вели дека старо-новите имиња за амбасадорските места воопшто не се изненадување. За него е трагикомичен јавниот оглас на Владата на кој се пријавиле 700 лица за понудените 18 извршители на функцијата амбасадор и три за позицијата генерален конзул.
„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ многу ригидно се грижат тие позиции да останат нивни позиции, без оглед на квалитетите, без оглед на дипломатското претставување и важно е тие партиски војници да бидат тука и тие потоа само се менуваат од една држава во друга.“
Нашата дипломатија не е целосно професионална, а со новиот закон непрофесионалноста се зголемува двојно, вели Никовски според кој одлуката на Владата преку јавен оглас да ги бира идните амбасадори и конзули е позитивен исчекор. Убеден е дека шанса имаат и кандидатите кои немаат партиска книшка, а поседуваат квалитет и знаење.
„Па начелно им е шанса, знаете дека и во нашата влада има луѓе донесени од странство кои немале никаква врска со партијата на власт.“
Демири пак вели дека е вообичаена пракса амбасадорите да се избираат од партиските редови. Но, за него загрижува фактот што бројот на лицата кои се пријавиле на огласот е голем. Тоа вели дека пријавените не се политички наивни, туку очајни да дојдат до работа.
„Не мислам дека тие луѓе се наивни, но економската и политичката состојба ги тера луѓето да делуваат.“
Медиумите јавуваат дека според неофицијални информации за амбасадорското место во Белград е избран некој од пријавените на конкурсот. За нов амбасадор во Загреб се споменува името на пратеникот Антонио Милошоски, а актуелната амбасадорка Даниела Караѓозова ќе оди во Канада. Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски се споменува како иден амбасадор во Вашингтон, а амбасадорот во Хаг Никола Димитров ќе биде нов амбасадор во Москва. Според пишувањата во медиумите, Оливер Шамбевски од Пекинг ќе замине во Рим, а амбасадорот Веле Трпевски од Тирана оди во Австралија, додека амбасадорското место во Албанија ќе биде пополнето со Стојан Kарајанов, кој е актуелен амбасадор во Приштина.
Шпекулации секогаш имало, многу често шпекулациите и се остварувале, меѓутоа да почекаме. Јас мислам дека ќе има изненадувања, ќе има и нови луѓе, а дека ќе има и стари луѓе, тоа е сосема нормално и неизбежно.Ристо Никовски, поранешен дипломат.
„Шпекулации секогаш имало, многу често шпекулациите и се остварувале, меѓутоа да почекаме. Јас мислам дека ќе има изненадувања, ќе има и нови луѓе, а дека ќе има и стари луѓе, тоа е сосема нормално и неизбежно.“
Спротивно на тврдењата на Никовски, поранешниот амбасадор во Швајцарија, Алајдин Демири вели дека старо-новите имиња за амбасадорските места воопшто не се изненадување. За него е трагикомичен јавниот оглас на Владата на кој се пријавиле 700 лица за понудените 18 извршители на функцијата амбасадор и три за позицијата генерален конзул.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ многу ригидно се грижат тие позиции да останат нивни позиции, без оглед на квалитетите, без оглед на дипломатското претставување и важно е тие партиски војници да бидат тука и тие потоа само се менуваат од една држава во друга.Алајдин Демири, поранешен дипломат.