Македонија инвестира во својата и во европската безбедност, продолжувајќи да ги става на располагање своите мировници за одбрана во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан. Ова го кажа претседателот Ѓорге Иванов на петтата меѓународна конференција „Улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили во поддршката на нивните мисии и задачи во регионалната и глобалната безбедносна средина во 21 век“, што се одржа во Домот на АРМ во Скопје.
Како и многупати досега, Иванов повтори дека формално, иако не и суштински, нашата желба за полноправно членство во НАТО е попречена и тоа поради апсурден и наметнат спор и посочи дека земјите-членки на НАТО треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија.
„Не сме задоволни, но не сме ни обесхрабрени. И покрај препреката остануваме фокусирани на она што е наш дел до обврските. Исправноста на нешето одговорно однесување беше само потврдено со пресудата на меѓународниот суд за правда во Хаг.“
Министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека нашата држава го заслужи своето членство во НАТО преку исполнување на сите критериуми за членство, вклучително и преку исполнување на реформите и придонесот во меѓународните мисии предводени од НАТО, ЕУ, ОН и САД.
„Војниците на Армијата на Македонија ние денеска со гордост ги нарекуваме наши амбасадори. Тие се светски амбасадори за мир.“
Според него, Македонија неуморно работи на доизградба и модернизација на целиот безбедносен систем.
Бригадниот генерал Гари Хафман од здружената команда на силите на НАТО во Неапол изрази уверување дека АРМ ќе има доволно средства за модернизацијата.
„Многу е важно во услови на економска криза како ќе се распоредат лимитираните средства“, рече Хофман.
Важноста од распоредувањето на сретствата наменети за одбраната ја нагласи и Ризван Сулејмани од Институтот за Политички и интеркултурни студии.
„Но во секој случај тоа ако се компарира со другите држави во регионот се уште Република Македонија во тој процес стои подобро од други членките на НАТО како што се Албанија и Хрватска. Многу е битно како се распределуваат тие средства и каде се трошат. Идеален однос би било една третина за обуки, една третина за опрема и една третина за други надоместоци во Армијата.“
Дел од темите кои се актуелни на конференцијата се однесуваат и на резервата на активниот состав која во иднина треба да биде развивана во согласност со резервите на најсилните НАТО-армии. Според началникот на ГШ на АРМ, генерал мајорот Горанчо Котевски прашања на кои треба да се сврти вниманието се дали активната компонента во АРМ треба во целост да биде со 100 процентниот професионален или треба да се размислува за 20 проценти пополнетост на активниот состав со редовно служење на воениот рок.
Не сме задоволни, но не сме ни обесхрабрени. И покрај препреката остануваме фокусирани на она што е наш дел до обврските. Исправноста на нешето одговорно однесување беше само потврдено со пресудата на меѓународниот суд за правда во Хаг.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.
Како и многупати досега, Иванов повтори дека формално, иако не и суштински, нашата желба за полноправно членство во НАТО е попречена и тоа поради апсурден и наметнат спор и посочи дека земјите-членки на НАТО треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија.
„Не сме задоволни, но не сме ни обесхрабрени. И покрај препреката остануваме фокусирани на она што е наш дел до обврските. Исправноста на нешето одговорно однесување беше само потврдено со пресудата на меѓународниот суд за правда во Хаг.“
Министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека нашата држава го заслужи своето членство во НАТО преку исполнување на сите критериуми за членство, вклучително и преку исполнување на реформите и придонесот во меѓународните мисии предводени од НАТО, ЕУ, ОН и САД.
Многу е важно во услови на економска криза како ќе се распоредат лимитираните средства.Гари Хафман, здружена команда на силите на НАТО во Неапол.