Достапни линкови

ЕУ на повидок по „конкретниот прогрес“ меѓу Србија и Косово


Со оглед на состанокот на Европскиот совет следната недела, јас ќе ги известам земјите членки на Европската унија за прогресот и за примената на договорот, изјави Кетрин Ештон.

Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, изјави дека Косово и Србија оствариле „конкретен прогрес“ во нормализацијата на нивните односи. Ештон ова го кажа по средбата во Брисел со премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, кoja заврши во раните утрински часови.
Добра работа е направена и конкретен прогрес е постигнат. Со оглед на состанокот на Европскиот совет следната недела, јас ќе ги известам земјите членки на Европската унија за прогресот и за примената на договорот.
Кетрин Ештон, шефица за надворешна политика на ЕУ.

Средбите се одржуваат во пресрет на одлуката што европските лидери се очекува да ја донесат на 28 јуни, за тоа дали е направен доволен прогрес за да може Србија да ги почне преговорите за членство со Европската унија, а Косово да ги започне преговорите за договор за асоцијација. Ештон изјави дека имало прогрес во однос на повеќе прашања, вклучувајќи го судството, полицијата и изборите.

„Добра работа е направена и конкретен прогрес е постигнат. Премиерите отидоа понапред и се согласија за бројни отворени прашања, како на пример во делот на правдата, полицијата и следните локални избори.
Со оглед на состанокот на Европскиот совет следната недела, јас ќе ги известам земјите членки на Европската Унија за прогресот и за примената на договорот“, рече Ештон.

Прогресот го потврди и косовскиот премиер Хашим Тачи.

„Сметаме дека е направен добар прогрес за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и се договоривме следната средба да биде на 8 јули“, рече Тачи.
Сметаме дека е направен добар прогрес за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и се договоривме следната средба да биде на 8 јули.
Хашим Тачи, премиер на Косово.

Србија и Косово, како што е познато, во април го потпишаа договорот за нормализација со кој се овозможува нивното приближување кон Европската унија.

Поддржани од Белград, косовските Срби со години ја одбиваа интеграцијата во рамките на Косово. Србија, исто така, одбива да ја признае независноста на нејзината поранешна јужна покраина. Сега и двете страни директно го одбегнаа ова прашање со цел да остварат поголема интеграција во Европската унија.

Според бриселскиот договор, српското малцинство на Косово ќе има извесна автономија, како на пример да избира шефови на полицијата. Но владата на Косово ќе ја има генералната контрола врз полицијата и судството.

Србија ја загуби контролата врз Косово во воздушната кампања на НАТО во 1999 година. Во 2008 години Косово донесе декларација за независност која ја признаа над 90 држави во светот, меѓу кои, повеќето од 27-те земји членки на Европската унија и САД.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG