На Балканов ништо веќе не изненадува, но како бомба, сепак, одекнува веста дека претседателот Ѓорге Иванов го откажал претседателскиот самит што овој викенд требаше да се одржи во Охрид и во Струга. Сите дневни весници го објавуваат тоа, а еве и некои од насловите: „Откажани претседателските самити во Охрид и во Струга“ - пишува во наслов Дневник. „Фијаско на самитот во Охрид - до последен момент лидерите од соседството не одговараа на поканите или блокираа други“ - забележува Утрински, а Вечер насловува: „Иванов: Македонија не сака да биде учесник во игрите со вета и бојкоти“.
Дневник објавува и вест дека „Вашингтон е разочаран од откажувањето на Самитот“.
Вечер најавува дека „И Европската комисија и Македонија очекуваат ново грчко вето во јуни“, а Нова Македонија информира за прогласот на педесетина македонски интелектуалци, поети, писатели и други јавни личности со кој од Владата бараат веднаш да прекинеле преговорите за името.
Со подбивен наслов Утрински информира за смените на некои министри во Кабинетот на Груевски: „По фасадата, реконструкција и на Владата“, а Дневник брои дека: „За три години Груевски смени третина министри“, потсетувајќи дека смените се прават по истиот терк - со оставки на министрите, кои потоа Груевски ги ротира постојните или ги заменува со нови.
Околу случувањата во СДСМ, Утрински насловува: „Кој ќе поентира од раситнувањето на опозицијата?“, а Нова Македонија како да одговара на прашањето со насловот: „Кризата во СДСМ им отвора пат на Јакомовски и на Бучковски“.
Дневник му брои на СДСМ дека „по 14-ти пат ќе бојкотира сè, само не ЕУ и НАТО“, информирајќи дека опозицијата повторно се повлекува од работата на Собранието.
Утрински уште во насловот појаснува: „До исполнување на обврските од договорот од 1 март, СДСМ само формално во Собранието“. А за неформирањето на комисијата за настаните на 24 декември лани, како што и власта и опозицијата се обврзаа пред еврокомесарот Филе, Груевски го обвинува СДСМ: „СДСМ не сака да се формира комисијата за 24 декември“ - ја објавува во наслов Утрински изјавата на премиерот по традиционалниот деловен појадок со бизнис заедницата.
Вечер со нови напади на Црвенковски: го пренесува пишувањето на порталот Курир, инаку познат по приврзаноста кон партијата на власт, дека „Црвенковски ѝ служи на Грција - со игра на страната на Атина, Бранко отплаќа стари долгови“.
Според дел од јавноста, власта најде ново „локумче“ да го заблажува народот во кризата: „Лустриран екс-министерот Фрчковски“ - објави Утрински, како впрочем и сите други медиуми.
Фијаско на самитот во Охрид - до последен момент лидерите од соседството не одговараа на поканите или блокираа други.Утрински весник.
Дневник објавува и вест дека „Вашингтон е разочаран од откажувањето на Самитот“.
Вечер најавува дека „И Европската комисија и Македонија очекуваат ново грчко вето во јуни“, а Нова Македонија информира за прогласот на педесетина македонски интелектуалци, поети, писатели и други јавни личности со кој од Владата бараат веднаш да прекинеле преговорите за името.
Кризата во СДСМ им отвора пат на Јакомовски и на Бучковски.Нова Македонија.