Без оглед на сите историски трауми и проблеми во регионот, главната одговорност за откажувањето на самитот лежи кај македонските политичари, оценуваат домашните аналитичари ден откако македонскиот претседател Ѓорге Иванов соопшти дека донел таква одлука.
Она што сега се случи зборува дека солидарноста на повеќето земји и на Европа е на страната на Косово, а ние ја избравме погрешната страна, вели универзитетскиот професор по меѓународна политика Денко Малески.
„Дури и да имало притисок од Србија, она што се случуваше сега на линија Србија – Косово преку Европската унија зборува дека процесот мораше да се турка во насока на упатување на покана до Косово, а потоа Србија да се прилагоди на ситуацијата.“
И политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека откажувањето на самитот е многу лош сигнал и кон соседите и кон меѓународната заедница.
Се покажавме неспособни да организираме настан кој требаше да прати позитивна порака до Европската унија, а во пресрет на јунскиот самит на земјите членки, нагласува Зибери.
„Реакцијата на претседателот Иванов, вчера, беше повеќе барање алиби од другите да се оправдаат нашите слабости и грешки.“
Уште поголема забуна внесува изјавата на српскиот потпретседател Александар Вучиќ кој вели дека Србија не инсистирала Косово да не биде покането. Според Малески, целата работа може да се сведе на неумешност на нашата политика да се снајде во малку покомплицирани времиња.
„Главната причина е неснаоѓањето во овој момент, а можеби тоа е и автентичен израз на политичките видувања на нашето политичко водство. Ние не треба да се оправдуваме со минато, со историја, ние мора да ги анализираме постоечките ситуации.“
Зибери заклучува дека грешките се очигледни и оти непоканувањето на Косово во овој момент е непродуктивно бидејќи предизвика верижна реакција кај соседите.
„Ова е еден тежок превид на претседателот и воопшто на целата структура надлежна за надворешната политика. Секако ова ќе биде еден лош сигнал за Европската унија и Европската комисија.“
Претседателот Иванов изјави дека државниот интерес и достоинството на Македонија го обврзале да ја донесе одлуката за откажување на регионалниот самит. Додаде дека нема да дозволи преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија.
Дури и да имало притисок од Србија, она што се случуваше сега на линија Србија – Косово преку Европската унија зборува дека процесот мораше да се турка во насока на упатување на покана до Косово, а потоа Србија да се прилагоди на ситуацијата.Денко Малески, универзитетски професор, поранешен министер за надворешни работи.
Она што сега се случи зборува дека солидарноста на повеќето земји и на Европа е на страната на Косово, а ние ја избравме погрешната страна, вели универзитетскиот професор по меѓународна политика Денко Малески.
„Дури и да имало притисок од Србија, она што се случуваше сега на линија Србија – Косово преку Европската унија зборува дека процесот мораше да се турка во насока на упатување на покана до Косово, а потоа Србија да се прилагоди на ситуацијата.“
И политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека откажувањето на самитот е многу лош сигнал и кон соседите и кон меѓународната заедница.
Ова е еден тежок превид на претседателот и воопшто на целата структура надлежна за надворешната политика. Секако ова ќе биде еден лош сигнал за Европската унија и Европската комисија.Насер Зибери, поранешен пратеник.