Над 30-тина светски и домашни артисти, на две сцени, ќе настапат на дебитантското издание на летниот Аква парк фест што овој петок и сабота ќе се одржи во Пробиштип.
Во музичкиот дел од програмата се планирани перформансите на легендарниот диџеј и продуцент Пол Ван Дајк ( на два пати прогласуван за најдобар на листата на магазинот ДИЏЕЈ), Британецот Марк Најт, автор на некои од најголемите хитови во последнава декада, холандската денс-атракција Санери Џејмс и Рајан Марчиано, Кирил Џајковски - нашиот композитор, продуцент и артист кој ги надмина регионалните рамки и кој овде ќе биде придружуван од извонредните ТК Вондер и Гето Прист, Бернајс пропаганда - бендот што на оваа сцена доаѓа по заокружувањето на првиот дел од својата голема европска турнеја што се случуваше во изминативе безмалку три месеца, единствените Фолтин и Суперхикс како состав што и официјално се закити со признанието за најдобар концерт во текот на изминатата 2012 година. Во нивна близина се и хард-кор првоборците Смат, психоделичните и иновативни Фулиш грин, реге-даб колективот
Конкверинг лајон, симпатичните С.А.Р.С од соседна Србија, Сашко Костов и многу други.
„На овој летен фестивал собран е кремот од македонски артисти кои во последниве повеќе од десеттина години оставиле значаен белег во македонската музичка култура, но не се застапени само тие бидејќи програмата е надополнета со мега-популарни диџеи кои ќе треба да ги пополнат раните утрински часови, а како и многупати во годиниве наназад, така и овојпат оставаме и нудиме можност за нови и млади сили од ова наше тло кои реално во иднина ќе треба да бидат дел не само од домашните туку и од светските концертни сцени“, истакнува Васко Џуроски од продукцијата „Пасворд“, организатори на првиот Аква парк фест.
Потписниците на случувањето како посебност ја издвојуваат и неговата општествена ангажираност и одговорност која во случајов подразбира работа на проекти како од еколошка така и од област на културата и уметноста. Ова како што велат, силно ќе придонесе за будење на чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и природата и за спроведување на здрав начин на живот во хармонија со природното опкружување.
„Со оглед на тоа дека голем процент од нашите млади луѓе, за жал, е силно врзан со нивниот дом, со компјутерот и интернет комуникацијата и нивниот допир со природата е се поредок, оваа акција на „Пасворд“, ќе ги извлече од таму и ќе ги врати во природата, ако ништо друго да ги потсети што е тоа навистина чист воздух, да се погрижат за околината околу себе и да бидат што поактивни и поагилни во надворешниот свет кој што на сите нас навистина ни треба“, дополнува Џуроски.
Покрај ова, а со цел подобро да ги промовира и младите талентирани уметници, Аква парк фест преку конкурсот за уметничко уредување и декорирање на фестивалскиот простор, ја спроведе и културната платформа со која ја опфати и современата арт сцена. Така, всушност тие со своите дела и со својата креативност активно се вклучени во градењето на визуелниот идентитет на случувањето, а на настанот публиката ќе може бесплатно да ужива во водените атракции, базени и тобогани, ќе има и слободен пристап до интернет, ТВ-соба каде што ќе може да се следат спортски натпревари, а планирани се и вредни награди за тие што ќе успеат да рециклираат најмногу отпад.
На овој летен фестивал собран е кремот од македонски артисти кои во последниве повеќе од десеттина години оставиле значаен белег во македонската музичка култура, но не се застапени само тие бидејќи програмата е надополнета со мега-популарни диџеи кои ќе треба да ги пополнат раните утрински часови.Васко Џуроски, продукција „Пасворд“.
Во музичкиот дел од програмата се планирани перформансите на легендарниот диџеј и продуцент Пол Ван Дајк ( на два пати прогласуван за најдобар на листата на магазинот ДИЏЕЈ), Британецот Марк Најт, автор на некои од најголемите хитови во последнава декада, холандската денс-атракција Санери Џејмс и Рајан Марчиано, Кирил Џајковски - нашиот композитор, продуцент и артист кој ги надмина регионалните рамки и кој овде ќе биде придружуван од извонредните ТК Вондер и Гето Прист, Бернајс пропаганда - бендот што на оваа сцена доаѓа по заокружувањето на првиот дел од својата голема европска турнеја што се случуваше во изминативе безмалку три месеца, единствените Фолтин и Суперхикс како состав што и официјално се закити со признанието за најдобар концерт во текот на изминатата 2012 година. Во нивна близина се и хард-кор првоборците Смат, психоделичните и иновативни Фулиш грин, реге-даб колективот
Со оглед на тоа дека голем процент од нашите млади луѓе, за жал, е силно врзан со нивниот дом, со компјутерот и интернет комуникацијата и нивниот допир со природата е се поредок, оваа акција на „Пасворд“, ќе ги извлече од таму и ќе ги врати во природата.Васко Џуроски, продукција „Пасворд“.