Три приказни... Нијанси на емоции, проследени со алегориски фигури: љубов, добрина, зло. Пријатната музика на Офенбах. Ова е забележано како најава во каталогот за премиерата на „Хофманови приказни“, оперската претстава со која на 9 мај свечено ќе започнат 41-те Мајски оперски вечери. Делото на францускиот композитор од германско потекло, кој патем се смета за татко на операта, како режисерка го потпишува Австријката Урсула Хорнер.
Во изведбата учествуваат солистите, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет под диригентство на маестро Најден Тодоров од Бугарија. Сценографијата е на Марија Ветеровска, а костимите на Марија Пупучевска.
Програмата на 41 издание на Мајски оперски вечери, кое овојпат ќе се одвива под мотото „Момент кој треба да се доживее...“, продолжува со минкусовиот балет „Дон Кихот“ во кој како солисти ќе ги видиме Кубанката Аријан Лафита и Италијанецот Виторио Галоро. Потем следуваат уште четири опери. На 18 мај ќе биде изведбата на „Травијата“ во која ќе ја видиме и чуеме најголемата ѕвезда на Фестивалот – Ирина Лунгу од Русија, четири дена подоцна и „Атила“ која неодамна ја доживеа својата премиерна изведба, а одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на Ѓузепе Верди ќе биде заокружено на 31 мај со „Аида“, третата во програмата и најграндиозната од сите опери на големиот италијански композитор.
Во пресрет на овој чин публиката ќе има можност да ја проследи доницетиевата „Лучија од Ламермур“, а значајно е да се спомене дека со овие две класични оперски дела ќе диригира нашиот Оливер Балабурски кој подолго време живее и успешно работи во Канада.
„Во секоја од претставите кои ќе бидат оваа година на Мајски оперски вечери ќе има солисти докажани во светот кои со улогите со кои што ќе настапат прават големи интернационални кариери. Такви се Русинката Лунгу која живее во Италија и која што се прослави со улогата на Виoлета, Марија Грација Скиаво од Италија која блесна со ликот на Лучија и други“, вели Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет.
Вклучувајќи се во одбележувањето на Европските оперски денови, во рамките на манифестацијата, на 11 и 12 мај, МОБ ќе понуди проект со кој ќе се оствари соединување на актерската игра и музиката преку креирање на програма составена од два дела каде на публиката ќе ѝ се претстави современ концепт, несекојдневен за домашните сцени. Во првиот дел, на Малата сцена, актерот од Велика Британија – Пол Хумполец ќе ја изведе монодрамата „Сечилото на тишината“, а потоа ќе се одржи рецитал со најпознатите дела на големиот Георг Фридрих Хендел.
Инаку, од новините на ова 41 издание на Мајски оперски вечери особено впечатливи се дизајнот и визуелизацијата на манифестацијата (зад чија изработка стојат дизајнерите од „Графопром“ - Битола), со кои, како што велат од МОБ, целат кон помладата публика и ја крепат потребата од идна пазарна ориентација.
„Ние се стремиме да се движиме кон модернизација на операта, кон помодерни видувања на оперските дела, на режијата на постановката, на сценографијата, костимите“, истакнува Прошев, дополнувајќи дека Националната установа засега и не може да размислува за носење на популарни странски оперски продукции за кои се потребни значителни средства, а тие едноставно не би сакале да ја намалуваат усталената програмска понуда на Фестивалот.
Во секоја од претставите кои ќе бидат оваа година на Мајски оперски вечери ќе има солисти докажани во светот кои со улогите со кои што ќе настапат прават големи интернационални кариери. Такви се Русинката Лунгу која живее во Италија и која што се прослави со улогата на Виoлета, Марија Грација Скиаво од Италија која блесна со ликот на Лучија и други.Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет.
Во изведбата учествуваат солистите, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет под диригентство на маестро Најден Тодоров од Бугарија. Сценографијата е на Марија Ветеровска, а костимите на Марија Пупучевска.
Програмата на 41 издание на Мајски оперски вечери, кое овојпат ќе се одвива под мотото „Момент кој треба да се доживее...“, продолжува со минкусовиот балет „Дон Кихот“ во кој како солисти ќе ги видиме Кубанката Аријан Лафита и Италијанецот Виторио Галоро. Потем следуваат уште четири опери. На 18 мај ќе биде изведбата на „Травијата“ во која ќе ја видиме и чуеме најголемата ѕвезда на Фестивалот – Ирина Лунгу од Русија, четири дена подоцна и „Атила“ која неодамна ја доживеа својата премиерна изведба, а одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на Ѓузепе Верди ќе биде заокружено на 31 мај со „Аида“, третата во програмата и најграндиозната од сите опери на големиот италијански композитор.
Ние се стремиме да се движиме кон модернизација на операта, кон помодерни видувања на оперските дела, на режијата на постановката, на сценографијата, костимите.Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет.