Јубилејните 40 Мајски оперски вечери свечено ќе бидат отворени со премиерната изведба на Вердиевата - „Травијата“. Оваа психолошка сценска приказна за 24-годишната куртизана, болна од туберколоза, која на крајот од животот вистински се вљубува ја потпишуваат режисерката Нина Најденова со своите соработници од Бугарија и маестро Норман Виџаја, диригент од Индонезија. Солисти во операта, која во Македонија прв пат е одиграна 1948 година, се Благица Поп Томова, Борис Трајанов и Ѓорѓи Цуцковски. Тој истакнува дека ова нему му е трета продукција во која го толкува ликот на Алфред Жермон и за остварената соработка дополнува:
„Веќе еден месец интензивно работиме на пронаоѓањето на една чиста емоција којашто пејачот треба да ја донесе на сцена, а не да биде тоа обична пластика и преигрување на зборовите и преигрувањето на музиката.“
Поп Томова ќе дебитира како Виолета Валери и како што самата вели ова е една од најубавите улоги за една сопранистка, а режисерката Најденова која, пак, по втор пат работи во нашата национална установа полна е со комплименти за македонската певица.
„Ова е една од улогите кои Благица ќе ги пее не само на македонските, туку воопшто и на сцените ширум светот.“
Инаку, согласно интенцијата на организаторите годинешната програма на МОВ да ја конципираат врз претставите кои биле најгледани во изминатите четири децении „според статистиката за бројот на продадени билети“ публиката ќе има можност да ги проследи и Пучиниевата - „Турандот“ со солистите Ирина Гордеи од Русија и Руди Парк од Јужна Кореја, „Тоска“ со Надја Везу во насловната улога, Калмановата „Војвотката на чардашот“ - најуспешнотот дело од минатогодишната продукција и традиционално за крај класичното дело на Џузепе Верди „Аида“, овојпат со Британката Гвинет Ен Џеферс, Италијанецот Леонардо Грамења, Фредрика Бриленбург од САД и нашиот Игор Дурловски како солисти.
На фестивалот ќе биде одиграна и една балетска претстава - „Лебедово езеро“ од Чајковски, постановката на кореографот Виктор Јеременко во која како носители на водечките улоги ќе ги видиме Јана Саленко и Дмитро Чеботар од Украина и Германецот Марјан Валтер.
Кон ова уште информацијата дека по одлуката влезниците да се продаваат во комплети што сами ќе ги формираат посетителите, во МОБ веќе се бара карта повеќе за дел од претставите, а посебно за поздравување е потегот приходот од изведбата на „Травијата“ да оди за подобрување на условите за лекување во Институтот за белодробни заболувања.
Веќе еден месец интензивно работиме на пронаоѓањето на една чиста емоција којашто пејачот треба да ја донесе на сцена, а не да биде тоа обична пластика и преигрување на зборовите и преигрувањето на музиката.Ѓорѓи Цуцковски, оперски пејач.
„Веќе еден месец интензивно работиме на пронаоѓањето на една чиста емоција којашто пејачот треба да ја донесе на сцена, а не да биде тоа обична пластика и преигрување на зборовите и преигрувањето на музиката.“
Поп Томова ќе дебитира како Виолета Валери и како што самата вели ова е една од најубавите улоги за една сопранистка, а режисерката Најденова која, пак, по втор пат работи во нашата национална установа полна е со комплименти за македонската певица.
„Ова е една од улогите кои Благица ќе ги пее не само на македонските, туку воопшто и на сцените ширум светот.“
Ова е една од улогите кои Благица ќе ги пее не само на македонските, туку воопшто и на сцените ширум светот.Нина Најденова, режисерка на Травијата.