Во сјајот на гласот е насловена 20-та јубилејна меѓународна трибина во рамките на која во Белград ќе се случи концертот на оперскиот пејач Горан Начевски и пијанистката Марија Вршкова. Македонските уметници на ова случување што како организатори го потпишуваат Здружението на композиторите на Србија, Друштвото на композиторите на Словенија и Сојузот на композиторите на Македонија и чија цел е промоција на современото творештво ќе се претстават со одбир на дела од балкански и светски автори.
Сепак, настапот е планирано да го започнат со Фантастичните записи на Томислав Зографски и со трите религиозни песни што како творец ги потпишува самиот Начевски.
„Ќе ми биде чест прв пат да настапам во Белград, никогаш до сега не сум настапувал, ниту со оперска претстава, ниту со солистички концерт, така што ова е прв рецитал и се надевам на успешен концерт и на добро прифаќање од публиката.“
Кога сме веќе кај него да кажеме дека Горан Начевски, во 2000 година, дипломира на отсекот композиција при Факултетот за музичка уметност во Прага, Република Чешка. Една година подоцна истото тоа го стори и на отсекот за соло пеење во класата на професор Рене Тучек, а докторската дисертација по Теорија на музика со специјализација Теорија на композиција ја одбрани во 2006 кај професорот Милан Славицки. Автор е на оркестарски, камерни, вокални и солистички дела кои се изведувани во земјава и во странство, а во мометов работи како доцент на ФМУ и како солист во Македонската опера и балет.
Од друга страна, Марија Вршкова е една од најдобрите музички уметници што и даде печат на македонската пијанистичка школа на почетокот на 21 век. За својата фасцинантна дејност на полето на камерната музика е добитник на специјалната награда за најдобар соработник што специјално жири и ја додели на натпреварот Охридски бисер, настапувала со голем број познати светски солисти како Моника Лесковар, Стефан Миленковиќ и други, како солистка ја воодушевувала публиката во Русија, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија и во други земји, а како член на ансамблот АЛЕА учествувала во праизведби на повеќе од 20 дела.
Во пресрет на актуелното претставување на Современото македонско музичко творештво во Белград, Вршкова истакнува дека му се радува на концертот и дека тие добиле извонреден термин за својот перформанс настапувајќи на последната вечер од ова случување кое се одвиваше од 11 до 14 ноември.
„Верувајте дека не е едноставно кога треба пред се да се претстави една земја, едно творештво, а дури потоа претставувајќи се себе си како уметник.“
Ќе ми биде чест прв пат да настапам во Белград, никогаш до сега не сум настапувал, ниту со оперска претстава, ниту со солистички концерт, така што ова е прв рецитал и се надевам на успешен концерт и на добро прифаќање од публиката.Горан Начевски, оперски пејач.
„Ќе ми биде чест прв пат да настапам во Белград, никогаш до сега не сум настапувал, ниту со оперска претстава, ниту со солистички концерт, така што ова е прв рецитал и се надевам на успешен концерт и на добро прифаќање од публиката.“
Кога сме веќе кај него да кажеме дека Горан Начевски, во 2000 година, дипломира на отсекот композиција при Факултетот за музичка уметност во Прага, Република Чешка. Една година подоцна истото тоа го стори и на отсекот за соло пеење во класата на професор Рене Тучек, а докторската дисертација по Теорија на музика со специјализација Теорија на композиција ја одбрани во 2006 кај професорот Милан Славицки. Автор е на оркестарски, камерни, вокални и солистички дела кои се изведувани во земјава и во странство, а во мометов работи како доцент на ФМУ и како солист во Македонската опера и балет.
Не е едноставно кога треба пред се да се претстави една земја, едно творештво, а дури потоа претставувајќи се себе си како уметник.Марија Вршкова, пијанистка.