За успешен почеток на 38-те Мајски оперски вечери е предвидена премиерната изведба на обновеното романтично-комичното дело на славниот италијанскиот композитор Гаетано Доницети – Љубовен напиток. Оваа опера, во која е раскажана сторијата за љубовта помеѓу селанецот Неморино и богатата Адина, на манифестацијата не е изведувана од 1991 година. Режисер на актуелната поставка е Гордан Драговиќ Черногорски од соседна Србија, тенорот Марко Фрузони од Италија ќе ја толкува улогата на Неморино, како Адина за прв пат во својата кариера ќе се појави Елвира Фатикхова од Русија, а за ликовите на Белкор, Дулкамара и Џанета задолжени се нашите Горан Начевски, Владимир Саздовски и Катерина Стојановска. Со оркестарот ќе диригира Саша Николовски Џумар, за костимите кои ќе бидат во стилот на 1950-те се погрижи Љупка Арсова, а сценограф е Марија Ветеровска. Интересен е и фактот што за свеченото отворање на манифестацијата владее огромен интерес кај публиката, па така за премиерната изведба на Љубовен напиток влезните билети се распродадени, за што Дејан Прошев, уметничкиот директор на Македонската опера забележува:
„Голем е интересот, за отварањето картите се продадени, за другите претстави интересот е исто така голем, Травијата е скоро продадена, морам да најавам дека тоа ќе биде претстава со ексклузивна гостинка од Бугарија Елвира Фатикхова која настапува сите светски оперски сцени, така што вреди да се види тоа.“
Според програмата на годинешното издание на МОВ до 31 мај најавени се уште четири оперски претстави. На 14 мај е предвидена изведбата на Травијата со славната Дарина Таскова како солистка, четири дена подоцна љубителите на оперската уметност ќе имаат можност да ја проследат пучиниевата Турандот во режија на Кузман Попов од Бугарија, дело во кое ќе настапи и Марија Драгони од Романија, сопранистката која заради драматичноста на изведбата ја споредуваат со легендарната Марија Калас. Недела дена подоцна, на 25 мај, ќе биде изведена Кармен од Жорж Бизе со Максимилијан Ценчиќ од Австрија како диригент и Галја Ибрагимова, солистка од операта во Прага, Република Чешка. Манифестацијата традиционално ќе биде затворена со Вердиевата Аида, во која овојпат како гости ќе настапат Марија Хозе Сири, оперска певица од Уругвај која настапувала во легендарната Скала, Хозе Луис Дувал од Мексико, инаку солист во Метрополитен, Лаура Бриоли од Италија, Нико Исаков од Бугарија и Александар Стефановски, првиот Македонец кој имал ангажман во славната миланска оперска куќа.