Достапни линкови

Еко појас меѓу Македонија и Албанија


Дебар.
Дебар.

Во близина на Дебарското Езеро, и од македонска и од албанска страна, се создава зелен еко појас. Проектот е финансиран со средства од ИПА фондовите.

Зелен еко појас започна да се создава во пограничниот дел кај Дебар меѓу Македонија и Албанија. Станува збор за активност што е дел од проектот за меѓугранична соработка што се реализира меѓу Македонија и Албанија со проект од ИПА фондовите на ЕУ.
На брегот на Дебарското Езеро се пошумува, а со тоа и се создава зелен појас. Моментално се засадуваат над 600 садници, претежно аризонски чемпрес, костен и багрем.
Гоце Лубиновски, Центар за одржлив развој на заедницата во Дебар.

Во Дебар зелен појас се создава кај брегот на Дебарското Езеро кој е во близина на границата со Албанија, а во пошумувањето учествуваа голем број на дебарчани. Овој еко појас има посебно значење за животната средина на двете страни од границата, оценуваат еколозите. Зелениот појас кај Дебарското Езеро воедно создава и посебна пријатна локација за рекреација на населението во општината Дебар.
Гоце Лубиновски, координатор во Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар.
Гоце Лубиновски, координатор во Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар.

„На брегот на Дебарското Езеро се пошумува, а со тоа и се создава зелен појас. Моментално се засадуваат над 600 садници, претежно аризонски чемпрес, костен и багрем. Овие активности имаат големо значење и се во рамките на проектот на ЕУ од ИПА програмите за меѓугранична соработка. Стартуваше пред 8 месеци, а остана да се имплементира до септември“, вели Гоце Лубиновски, координатор во Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар.
На албанската страна ќе се пошуми еден ерозивен терен во близина на границата кај селото Требиште во областа Голо Брдо.
Зиријат Алуши, Албански Институт за демократија и посредување.

Овој Центар го спроведува овој значаен меѓуграничен проект на македонска страна. Лубиновски истакнува дека во рамките на проектот има и други значајни активности.

„Покрај пошумувањето има и многу други активности. Има соработка во повеќе полиња на локалните и централните власти на Македонија и Албанија. Посебно има и активности меѓу противпожарните единици на двете страни од границата, центрите за кризи како институции, граѓанскиот сектор и други фактори“, подвлекува Лубиновски.
Зиријат Алуши, директор на Албанскиот Институт за демократија и посредување.
Зиријат Алуши, директор на Албанскиот Институт за демократија и посредување.

Албанскиот Институт за демократија и посредување го реализира проектот од албанската страна. Директорот на овој институт Зиријат Алуши смета дека ова е прв проект за заштита на животната средина кој се имплементира меѓу Македонија и Албанија со средства од ИПА фондовите на ЕУ. Според него, зелениот појас во Албанија се создава во пограничниот дел во близина на селото Требиште, област на границата со Македонија кај Дебар.

„На двете страни од границата со овој меѓуграничен проект се врши и пошумување. На албанската страна ќе се пошуми еден ерозивен терен во близина на границата кај селото Требиште во областа Голо Брдо. Очекувам овој зелен појас да биде и симболика за развој и на чувствата на луѓето за соработка и вреднување на сите луѓе кои живеат во пограничниот регион на Албанија и Македонија“, истакнува Алуши.

Со овој проект во пограничните населени места од двете страни на границата се формирани и еко клубови односно клубови за заштита на животната средина, кои ќе имаат обврска да се грижат за заштита и одржување на зелениот појас.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG