Разединето и поделено е партиското гласачко тело во пелагониската општина Могила, откако во вториот круг во трката за градоначалник влегоа Славко Велевски, актуелен градоначалник и кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пивковски, долгогодишен член на партијата, а сега независен кандидат.
Во првиот круг Пивковски освои педесетина гласа повеќе од Велевски, но Груевски викендов на митинг го поддржа актуелниот градоначалник, а противкандидатот го нарече ортак на Велија Рамковски и преварант.
Што по ова коментираат могилчани?
„Во Могила членството е сега поделено. Ова излегува дека ВМРО-ДПМНЕ против ВМРО-ДПМНЕ гласа. Луѓето не знаат кого да поддржат, Велевски или Пивковски.“
„Јас не бев човекот кој дојде во шталата на Пивковски, не бев човекот во Добромири кога пуштаа вода во 21 век. Таму седеше Груевски, Пивковски и Велевски. За него ли е Стевче Пивковски непознат човек? Ова е срам, не е демократија.“
„Тоа е штетено за општината наша.“
„Ќе победи стариот градоначалник.“
Пивковски вели дека ова го прави, не за раздор, туку за интерес на партијата зашто смета дека Велевски ја злоупотребува за лични интереси и поткупува гласачи.
„Јас не го свртив грбот на ВМРО-ДПМНЕ, сите личности таму ги почитувам. Но, не може еден човек да ја става во залог партијата, а да прави фирма за лични интереси. Јас се ставам во залог да не ја злоупотребува повеќе партијата за лични интереси. Јас не ставам белези на луѓето кој за кого гласал, досега никој не сум го прашал за тоа и нема ни да ги прашам.“
Градоначалникот Велевски одговара дека чесно си ја обавува работата, а дел од членството ќе го поврати да гласа за него зашто ја има поддршката на Груевски.
„Конечно се симна дилемата кај гласачите која беше наметната. Од митингот што се одржа во неделата каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа зад чија кандидатура застанува. Цело време се замајуваше јавноста дека тајно е поддржуван Пивсковски од партијата“, изјави Велевски.
Јас не го свртив грбот на ВМРО-ДПМНЕ, сите личности таму ги почитувам. Но, не може еден човек да ја става во залог партијата, а да прави фирма за лични интереси.Стево Пивковски, независен кандидат за градоначалник на Могила.
Во првиот круг Пивковски освои педесетина гласа повеќе од Велевски, но Груевски викендов на митинг го поддржа актуелниот градоначалник, а противкандидатот го нарече ортак на Велија Рамковски и преварант.
Што по ова коментираат могилчани?
„Во Могила членството е сега поделено. Ова излегува дека ВМРО-ДПМНЕ против ВМРО-ДПМНЕ гласа. Луѓето не знаат кого да поддржат, Велевски или Пивковски.“
Конечно се симна дилемата кај гласачите која беше наметната. Од митингот што се одржа во неделата каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа зад чија кандидатура застанува.Славко Велевски, актуелен градоначалник на Могила и кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.