115 кардинали од 48 земји денеска во 17 часот ќе влезат во Сикстинската капела во Ватикан за да ја почнат конклавата на која треба да биде избран 266 Папа на Римокатоличката црква. Со работата на конклавата ќе раководи кардиналот Џовани Батиста Ре, а првиот меѓу кардиналите, Ангело Содано, во базилката Свети Петар ќе служи свечена миса по повод изборот на новиот понтиф.
Првиот целосен работен ден на конклвата ќе биде в среда со две предпладневни и две попладневни гласања, а така ќе биде и во наредните два дена, се разбира доколку ниту еден од кардиналите не добие двотретинско мнозинство односно 77 од 115 гласови.
Ако папата не биде избран до сабота, тој ден конклавата нема да заседава, туку ќе гласа в недела. Ако и тогаш нема конечен избор, тогаш, односно по седум гласања се прави пауза. Доколку папата ни по 34 гласања не биде избран, кардиналите ќе решаваат за еден од двајцата кои добиле најмногу гласови.
Во изминативе 100 години ниту една конклава не траела подолго од пет денови.
Гласовите на кардиналите се палат со што и се соопштува на јавноста резултатот на секое гласање. Белиот чад што ќе излезе од оџакот над Сикстинската капела означува дека е избран нов папа, додека црниот чад оти тоа се уште не е решено.
До конклавата доаѓа еден месец откако Папата Бенедикт XVI ги шокираше католичките верници кои ги има над милијарда и двесте илјади, со тоа што поднесе оставка.
Тој беше првиот понтиф кој го стори тоа во изминативе 600 години. Бенедикт XVI отслужи осум години како католички поглавар.
За најсилни кандидати се спомнуваат кардиналите Ангело Скола од Италија и Одило Шерер од Бразил, односно Јужна Америка каде што живеат 42 насто од католиците во светот.
Се смета дека 63 годишниот Шерер кој има германско потекло е релативно млад за да биде папа, но оти воопшто не бил модернист и реформатор.
„Она со што мора да се соочиме во моментов е да се зближиме околу последиците од културата што се прошири многу брзо во светлина на новите услови за комуникација и ширење на сите форми на изразување. Ова е многу голем предизвик со кој се соочуваме сега“, изјави Шерер во едно неодамнешно интервју, додавајќи дека географијата не треба да биде фактор во изборот на новиот папа.
„Најважната работа не е дали папата доаѓа од едно место или од друго, туку дали тој е навистина е најдобрата личност да ја води Црквата во овој момент во својата историја.“
Се смета дека Шерер ја има поддршката од ватиканската бирократија позната како Куриа. Од друга страна италијанецот Скола, според извештаите, бил фаворит на кардиналите кои во него гледаат можен реформатор на моќната Куриа.
Како и да е, аналитичарите велат дека колку повеќе ќе се одолжува гласањето, толку повеќе би можело да дојде до некои непредвидливи работи. Тоа пак би можело да им ги зголеми шансите и на другите кардинали, вклучувајќи ги тука Марк Оулет од Канада, Шон О‘Мајли од Соединетите Држави и Леонардо Сандри од Аргентина.

Најважната работа не е дали папата доаѓа од едно место или од друго, туку дали тој е навистина е најдобрата личност да ја води Црквата во овој момент во својата историја.Одило Шерер, кардинал од Бразил