Одбележувањето на сто годишнината од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје се слави со низа настани, но организирани посебно од асоцијацијата Скопјанката Мајка Тереза и здружението ,,Разбуди се". Од двете организации велат дека секој има право да го слави делото на големата хуманистка, иако за едната името на Мајка Тереза треба да ги обединува сите граѓани од најразлична вероисповест, за другата тоа ќе биде возможно само кога нема да се оспорува нејзинотото потекло. Придонесот на македонските и албанските граѓани според експертите е знак на зближување меѓу заедниците. Претседателот на асоцијацијата Скопјанката Мајка Тереза, Стојан Тренчевски вели дека јубилејот е повод да се почуствуваат нејзините принципи на дело.
,,Како најпозната скопјанка во светот, таа му припаѓа на целото човештво, затоа треба така да ја чувствувамe, да се гордееме, но никој нема ексклузивитет на нејзиното битие. Таа му припаѓаше единственот на Господ Бог, но е гордост на препознавање на Скопје и овој дел од Балканот. Мислам дека сите верски заедници го чувствуваат тоа."
Артан Груби од ,,Разбуди се" вели дека кога ќе се прифатат зборовите на Мајка Тереза дека по крст е албанка, по вера христијанка, а по државјанство индијка и кои се прифатени и во Ватикан, тогаш во земјава ќе се остварат вредностите по кои е позната во светот.
,,Во тој момент кога тоа нема да се оспорува, мислам дека таа е личност која што ги обединува најмногу етничките заедници ивредностите по кои ја познава светот, мислам дека треба да бидат мост на заедничко дејствување за сите нас тука во Македонија."
За Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција сето она што е направено досега за Мајка Тереза е по инцијатива на невладините организации од албанската и македонската заедница и претставува мост на зближување меѓу двата народи.
,,Самото име на Мајка Тереза значи зближување на двата народи во Република Македонија, тоа е синоним на пријателство, добрина и хуманост."
Собранието во чест на роденденот на најпозната Скопјанка во светот ќе одржи свечена седница, кога ќе биде врачена и државната награда „Мајка Тереза“, ќе биде положено и цвеќе пред нејзиниот споменик и при спомен плочата на местото на нејзиното раѓање.
Како најпозната скопјанка во светот, таа му припаѓа на целото човештво, затоа треба така да ја чувствувамe, да се гордееме, но никој нема ексклузивитет на нејзиното битиe
,,Како најпозната скопјанка во светот, таа му припаѓа на целото човештво, затоа треба така да ја чувствувамe, да се гордееме, но никој нема ексклузивитет на нејзиното битие. Таа му припаѓаше единственот на Господ Бог, но е гордост на препознавање на Скопје и овој дел од Балканот. Мислам дека сите верски заедници го чувствуваат тоа."
Артан Груби од ,,Разбуди се" вели дека кога ќе се прифатат зборовите на Мајка Тереза дека по крст е албанка, по вера христијанка, а по државјанство индијка и кои се прифатени и во Ватикан, тогаш во земјава ќе се остварат вредностите по кои е позната во светот.
,,Во тој момент кога тоа нема да се оспорува, мислам дека таа е личност која што ги обединува најмногу етничките заедници и
Mислам дека таа е личност која што ги обединува најмногу етничките заедници и вредностите по кои ја познава светот