Папата Бенедикт 16-ти, за време на денешната молитва во Ватикан, соопштил дека на 28 овој месец, во 20 часот, ќе се повлече од позицијата поглавар на Католичката црква. Ова се случува за прв пат по 600 години.
„Дојдов до заклучок дека, поради мојата возраст, не се чувствувам доволно силен за да продолжам“, рекол Папата, додавајќи дека долго размислувал за оваа одлука, која, според него, е за доброто на Црквата.
Георг Рацингер, брат на Папата Бенедикт 16-ти, изјавил за ДПА дека Папата се повлекува поради здравствени причини.
Папата Бенедикт 16-ти има 85 години, а беше избран за поглавар на Католичката црква во 2005 година на 78 години. Не е вообичаено Папа да се повлекува, бидејки се избира доживотно, но не е и прв пат во историјата. Последен пат тоа го стори Папата Грегори 12-ти, во 1415 година со цел да биде надминат расколот меѓу претендентите на папскиот престол.
Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изјави дека и тие биле изненадени од одлуката на Папата, што индицира дека ни неговото најблиско опкружување не знаело за вакавата намера.
„Тоа е длабоко лична одлука, донесена во услови на молитва пред Господ, кој му ја даде мисијата што ја имаше.“
Сега се отвора можност за почнување на постапка за избор на нов Папа, што би можело да биде завршено до крајот на наредниот месец.
Германската влада соопшти дека е трогната од ова неочекувано повлекување на Папата, но оти кои и да се причините за неговата таква одлука, треба да се почитуваат. Портпаролот на владата оцени дека Папата Бенедикт 16-ти, кој по потекло е Германец, има голем придонес во Католичката црква.
Израелскиот рабин Јона Мецгер оцени дека никогаш не биле подобри односите меѓу Израел и Ватикан, отколку за време на Папата Бенедикт 16-ти.
Како и да е, Папата се соочуваше и со проблеми и критики. Еден од најголемите беше скандалот со педофилијата во која беа вмешани некои католички свештеници. Во 2010 година, Папата оцени дека Католичката црква не била доволно енергична и брза во решавањето на тој проблем.
Минатата година, пак, неговиот личен батлер се обидел да украде доверливи документи на Ватикан, со цел, како што изјави, да ја разоткрие корупцијата во црквата.

Тоа е длабоко лична одлука, донесена во услови на молитва пред Господ, кој му ја даде мисијата што ја имаше.Федерико Ломбарди, портпарол на Ватикан.