Достапни линкови

Бриселската тројка во мисија на помирување на власта и опозицијата


Премиерот Никола Груевски се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.
Премиерот Никола Груевски се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.

Еврокомесарот Штефан Филе се сретнал со премиерот Никола Груевски, а потоа и со Бранко Црвенковски и со Али Ахмети. Филе во Скопје пристигна синоќа заедно со известувачот за македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит и со европратеникот Јиржи Бузек.

Рано изутринава еврокомесарот Штефан Филе се сретнал со премиерот Никола Груевски, а потоа и со Бранко Црвенковски и со Али Ахмети. За детали од средбата се очекува поладневната прес конференција. Филе во Скопје пристигна синоќа заедно со известувачот за македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит и со европратеникот Јиржи Бузек.
Основниот влог во целокупната криза сега е одлагање на изборите за најмалку две недели. Доколку дојде до тоа мислам дека кризата ќе биде надмината.
Нано Ружин, универзитетски професор.

Ова упатува на тоа и дека македонската криза добива меѓународни димензии пред се поради фактот дека ЕУ не може да си дозволи земјава која е кандидат да оди по овој пат. Кај нив постои изненадување од непопустливоста на двете страни и тие денеска ќе се обидат да ги омекнат а пред се владејачката партија која не се согласува да ги одложи изборите, анализира професорот Нано Ружин.

„Основниот влог во целокупната криза сега е одлагање на изборите за најмалку две недели. Доколку дојде до тоа мислам дека кризата ќе биде надмината.“
Од самиот факт што со нашите политичари комуницираат без дипломатски речник, тие се свесни за кој ков на политичари се работи. Но тие сепак си ја вршат нивната работа, затоа што се работи за држава која е кандидат за членство во Унијата и тоа го дискредитира комплетно и процесот кај нив и процесот во регионот.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Проблемот со партиските лидери е во тоа што за нив е поважно да се покаже кој е виновникот, а не да се добие позитивен извештај, анализираат експертите, па оттука борбата на суети ги прави незивесни и денешните обиди на бриселската тројка.

„Од самиот факт што со нашите политичари комуницираат без дипломатски речник, тие се свесни за кој ков на политичари се работи. Но тие сепак си ја вршат нивната работа, затоа што се работи за држава која е кандидат за членство во Унијата и тоа го дискредитира комплетно и процесот кај нив и процесот во регионот. “

Дали Филе ќе се обиде да ги седне на заедничка маса партиските лидери се уште не се знае. Вчера неговиот портпарол Петар Стано рече дека решавањето на кризата би помогнало да се добие позитивен извештај од Европската комисија на пролет. И до сега европскиот комесар за проширувањето има испратено пораки на предупредувања дека недоразбирањата околу локалните избори ќе има негативни последици врз пролетниот иузвештај од кој зависи евентуалното добивање датум за отпочнување преговори во јуни.
XS
SM
MD
LG