Достапни линкови

Средношколско организирање, зарем постои?


Антонио Даниловски, активист на Младински образовен форум.
Антонио Даниловски, активист на Младински образовен форум.

Истражувањата покажуваат дека 70 проценти од испитаните средношколци не се запознаени дали воопшто постои средношколско организирање во нивните училишта, а 81 отсто никогаш не учествувале во избор на претставник во средношколска унија, пишува Антонио Даниловски, активист на Младинскиот образовен форум во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Пред некој 6-7 години кога јас бев средношколец го имав истиот проблем како и сегашните средношколци . Се надевав дека некогаш ќе се подобрат работите, младите ќе имаат влијание на работите кои ги засегаат, но нажалост работите не се променети од тогаш, нема ништо ново.
70% од испитаните средношколци не се запознаени дали воопшто постои средношколско организирање во нивните училишта, а 81% никогаш не учествувале во избор на претставник во средношколска унија.

Моите први ентузијастички чекори за подобро организирање почнаа со тоа што станав претседател на клас. Како претседател на клас, се обидуваш да се избориш за твоите права, да влијаеш за сериозни прашања, а не само на тоа каде ќе одиш на екскурзија или каде би требало да славиш матура [за жал ни наметнаа став кој моравме да го прифатиме, на крајот на денот никој не не праша каде ке славиме матура]. Очигледно, истото се случува денеска ... потполно исто без никакви промени.

Претходното истражување за Социјалниот капитал на Македонските средношколци, ни даде негативни резултати, 70% од испитаните средношколци не се запознаени дали воопшто постои средношколско организирање во нивните училишта, а 81% никогаш не учествувале во избор на претставник во средношколска унија. Ова се статистики кои сами по себе не одговараат на прашањето на што се должи ваквата висока стапка на недостаток од информираност и вклученост на средношколците.

„Средношколско организирање и учество“ е делот кој треба да се истражува, да се разбере, дел на кој му е потребна промена. Крајната цел беше да се даде придонес кон зголемено и активно учество на средношколците, да имаат поголемо влијание во носењето на одлуки во образовните институции.

Како што укажуваат резултатите од истражувањето, еден куп проблеми за средношколците: Квалитет на настава, комуникација професор-ученик, оценување, комуникацијата со вработените, инфраструктура, меѓуетнички проблеми. Дел од проблемите се јавуваат како последица на неинформираноста на средношколците за средношколското организирање и учество, неиформираноста за правата кои ги поседуваат, неиформираноста за постоење на национално средношколско организирање... Очигледно е дека се се сведува на неинформираност. Дел од средношколците во истражувањето ја лоцираат вината кај себеси, велејќи дека сами не се заинтересирале, а дел пак кај професорите и училиштето велејќи дека на ним им одговара средношколците да бидат неинформирани, на тој начин стекнувајќи се со поголема контрола над учениците.
Со наметнувањето на „омилен“ ученик како претседател од страна на класниот раководител, самите средношколци ја губат довербата и претседателот на класот/генерација/училиште не го гледаат како претставник кој може да им ги реши проблемите и да ги застапува.

Контролата над учениците за нивната неинформираност оди кон друг проблем , изборот на претседател на клас/генерација/училиште, оној кој треба да има најголем придонес во самото средношколско организирање и учество. Сумираните податоци покажаа дека училиштата немаат посебни правилници кои ги регулираат процедурите за избор. Меѓутоа некои училишта сепак имаат одредени критериуми кои треба да ги исполни средношколец да биде избран за претседател на клас: да е примерен ученик со солиден успех, да е редовен и дисциплиниран, да има јасна визија за работата на средношколската заедница, да поседува добри ораторски вештини. Условите кои ги има во правилниците, се крајно строги и дискриминаторски. Со ова се дава приоритет на одличните ученици да бидат преставници на средношколците, моето мислење за ова е дека воопшто не е ефикасен овој начин на избор. Не мора секој одличен ученик да биде и добар претседател. Ваквиот заклучок наоѓа на поддршка и кај средношколците:

„Сега професорот кој ќе одбере и повеќе ги одбира одличните ученици што не се искажуваат, што нон-стоп ќутат, а не тие што знаат да издебатираат и да го искажат своето мислење и не да одат само по професорот како што ви кажав – сега сите претседатели се такви.“

Наметнувањето на класниот раководител/педагог/директор во самиот избор на претседател на клас/генерација/училиште е директно одзимање на правото на средношколците да одлучуваат кој ке ги претставува. Со наметнувањето на „омилен“ ученик како претседател од страна на класниот раководител, самите средношколци ја губат довербата и претседателот на класот/генерација/училиште не го гледаат како претставник кој може да им ги реши проблемите и да ги застапува.
Голем проблем кој исто така може да се наведе е и националното средношколско организирање.Од сите испитаници средношколци кои беа вклучени во истражувањето никој не е запознаен со постоење на истото (не е ни чудна ваквата констатација имајќи во предвид дека последната активност која ја има спроведено Унијата на средношколци е во 2008/09 година). Самота таа неинформираност посочува на едно нефункционално средношколско организирање.

Голем проблем кој исто така може да се наведе е и националното средношколско организирање.Од сите испитаници средношколци кои беа вклучени во истражувањето никој не е запознаен со постоење на истото (не е ни чудна ваквата констатација имајќи во предвид дека последната активност која ја има спроведено Унијата на средношколци е во 2008/09 година). Самота таа неинформираност посочува на едно нефункционално средношколско организирање.

Најголемата иронија во целата приказна е што Декларацијата за правата на средношколците на OBESSU [Organising Bureau of European School Student Unions] е изгласана и донесена во Охрид во 2006 година, а никој од засегнатите страни вклучувајќи ги и училиштата не е запознаен со постоење и содржината на самата Декларација (тоа можеме да го увидиме од самите резултати).

Како препораки кои произлегуваат од целото истражување најважно е да се работи на информирање и подигнување на свест за постоење за проблемот. Како политика може да се предложи измена во Законот за средно образование, каде би се гарантирале минимум стандарди за „Средношколско организирање и учество“. Таму каде што има „некаков“ процес на организирање да биде признаен ( формално, со статутарни измени на училиштата) и зајакнато ( да се дозволи учество на средношколците во донесување на одлуки), а таму каде го нема да се воведе.

За крај и правната заштита, според член 12 од Конвенцијата за правата на детето и членот 3-б од Законот за заштита на децата, кажува дека секое дете има право на свое мислење и свој став, право на слободно изразување на тоа мислење за сите прашања кои се однесуваат на детето. Меѓутоа освен нашето истражување, постојат и други кои сметаат дека ситуацијата е алармантна. Во Компаративен преглед на законодавството во Република Македонија и Конвенција за права на детето професорите Давитковски, Бужаровска, Калајџиев и Мицковиќ заклучуваат: Иако постои законско гарантирање на правото на изразување, имајки ја во предвид фактичката состојба, се работи само за декларативна заложба, тоа е само напишано, во праксата е сосема спротивно.

И би сакал да се повикам на еден цитат, кој на едноставен начин ја сумира потребата од средношколско организирање и учество во донесувањето на одлуки: Учеството на децата има логика, не само затоа што е нивно загарантирано право туку затоа што е корисно, едукативно и праведно . ” (IAWGCP, 2007, цитирано од Dhakal).
XS
SM
MD
LG