Иницијативата на Министерството за здравство во договор со управните одбори на 32 скопски клиники да го протурка новиот модел на плаќање по успешност не е во содејство со Самостојниот синдикат на клиничкиот центар и не е оправдана, вели неговиот претседател Дејан Ставриќ. Според него, постои правна рамка која на министерот Никола Тодоров му дава можност да го спроведе планот врз основа на анкесот на колективниот договор постигнат со гранковиот синдикат.
„Меѓутоа тој синдикат не е надлежен во Клиниките, односно не може договори со тој синдикат да се спроведуваат на Клиниките и другите наши членки. Во моментов ние немаме реакција против тоа, имаме само укажување, веќе го дадовме до Управните одбори, дека таа постапка нема комплетна правна издржаност.“
Ставриќ вели дека нема да прифатат плаќање по успешност според новиот анекс-колективен договор од истите причини поради кои го одбиле и на 10 јануари кога заврши првата рунда од преговорите.
„Голем дел од тој анкес на колективниот договор, особено членот 3 кој се однесува на моделот на плаќање по успешност и деловите за казнување, односно пенализација, беа нешто со што не можевме да се сложиме, заради тоа не дојде до потпишување на договорот и затоа сме се уште во преговори. Штрјкот е во мирување, се надеваме на добар исход, меѓутоа ќе видиме.“
На прашањето колку е фер од страна на Тодоров додека е во преговори со синдикатот да протурка нешто со кое не се согласуваат Ставриќ одговара.
„Јас нема да коментирам, ќе оставам на јавноста сам ада процени колку е фер.“
Од синдикатот и натаму тврдат дека немаат ништо против моделот, но сегашниот не одговара на реалната состојба и не е спроведлив од многу причини. Највидливата причина е тоа што буџетите на здравствените установи се намалуваат, а со тоа се намалува и бројката на услуги.
Од синдикатот најавуваат дека е во план да остварат средба со Тодоров по неговото враќање од САД на 14 или 15 февруари.
Тој синдикат не е надлежен во Клиниките, односне не може договори со тој синдикат да се спроведуваат на Клиниките и другите наши членки.Доктор Дејан Ставриќ, Самостоен синдикат на Клинички центар.
„Меѓутоа тој синдикат не е надлежен во Клиниките, односно не може договори со тој синдикат да се спроведуваат на Клиниките и другите наши членки. Во моментов ние немаме реакција против тоа, имаме само укажување, веќе го дадовме до Управните одбори, дека таа постапка нема комплетна правна издржаност.“
Ставриќ вели дека нема да прифатат плаќање по успешност според новиот анекс-колективен договор од истите причини поради кои го одбиле и на 10 јануари кога заврши првата рунда од преговорите.
„Голем дел од тој анкес на колективниот договор, особено членот 3 кој се однесува на моделот на плаќање по успешност и деловите за казнување, односно пенализација, беа нешто со што не можевме да се сложиме, заради тоа не дојде до потпишување на договорот и затоа сме се уште во преговори. Штрјкот е во мирување, се надеваме на добар исход, меѓутоа ќе видиме.“
Голем дел од тој анкес на колективниот договор, особено членот 3 кој се однесува на моделот на плаќање по успешност и деловите за казнување, односно пенализација, беа нешто со што не можевме да се сложиме.Доктор Дејан Ставриќ, Самостоен синдикат на Клинички центар.