Достапни линкови

Празниците ги испразнија џебовите


Традиционално јануари е „најдолгиот“ месец во годината. Празниците повлекуваат трошоци, а примањата се мали, се жалат граѓаните.

Јануари е најдолгиот месец во годината, велат граѓаните поради трошоците за празниците. Нова година и Божиќ поминаа, останува уште прославата на Стара Нова година, а џебовите веќе се празни. Граѓаните велат дека трошоците во овој месец се зголемени, а примањата се скромни, згора на се треба и сметки да се плаќаат.
Ова е многу тежок и најдолг месец, трошоци има, но пари нема, се што има е многу скапо.
Анкетиран граѓанин.

„Јануари секогаш бил најдолгиот месец, затоа што си се потрошил за Нова година, си се потрошил за Бадник, па иде Стара Нова година, народот тешко ќе помине, трошоците се зголемени за некаде 20 отсто само за храна.“

„Ова е многу тежок и најдолг месец, трошоци има, но пари нема, се што има е многу скапо.“

Но има и такви кои не си дозволиле за празниците да го потрошат секој денар што го имаат.
И оваа како и изминатите години и Божиќ и Нова година ги прославувам нормално, без да се расфрлам многу, не се однесувам дека тоа е најлудата ноќ и како да е крај на светот, па се да треба да се потроши. Треба да се води сметка за се и мислам дека нема да има проблем.
Анкетиран граѓанин.

„И оваа како и изминатите години и Божиќ и Нова година ги прославувам нормално, без да се расфрлам многу, не се однесувам дека тоа е најлудата ноќ и како да е крај на светот, па се да треба да се потроши. Треба да се води сметка за се и мислам дека нема да има проблем.“

Социологот Хасан Јашари вели дека граѓаните сакаат овој период од годината и празниците да ги поминат во најдобра атмосфера и затоа трошат пари, иако подоцна ќе имаат проблеми како да го преживеат месецот.

„Нормално е секој да сака да подготви нешто најубаво за најблиските, но од друга страна луѓето се задолжуваат, земаат потрошувачки кредити и сето тоа ги оптоварува во подоцнежните денови, кога ќе дојде да се намират сметките, за луѓето е се потешко и потешко. “

Според него, живееме во едно потрошувачко општество и тоа е одлика и влијание од западната култура и се повеќе граѓаните го прифаќаат таквиот начин на живот.

„Меѓутоа дека е се потешко, тоа го чувствуваме сите, а најмногу го чувствуваат невработените, го чувствуваат пензионерите, болните и луѓето во руралните средини.“

Според последните податоци на Државниот завод за статистика цените на мало и трошоците на живот бележат пораст од 3,3 насто во 2012 година, во однос на 2011 година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG