Достапни линкови

Сиромаштијата меѓу бројките и празниот стомак


Статистички сиромаштијата се намалува, реално граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во категоријата сиромашни влегуваат 10 проценти од вработените и 16 отсто од пензионерите во земјава.

Најави за повисоки плати и пензии, а во реалноста повисоки сметки и зголемени цени на основните продукти за исхрана. Државниот завод за статистика, според новата методологија, пресметал дека сиромаштијата се намалила од 31 на 27,3 проценти, но не стивнува револтот кај граѓаните кои велат дека едвај крпат крај со крај.
Трпиме за леб, секое утро се вртиме како чигри кога гледаме кој ќе ни влезе во куќа, дали тоа ќе биде некој извршител или пак ќе ни дојде детето на гости. Додека не погледнеме низ клучалка не смееме врата да отвориме. Се чудиме ако денеска јадеме, што ќе јадеме утре.
Љиљана Георгиевска, здружение на стечајци УНИТ.

Нашата мака е толку голема што со денови не можеме да ја искажаме, вели Љиљана Георгиевска од здружението на стечајци УНИТ.

„Трпиме за леб, секое утро се вртиме како чигри кога гледаме кој ќе ни влезе во куќа, дали тоа ќе биде некој извршител или, пак, ќе ни дојде детето на гости. Додека не погледнеме низ клучалка не смееме врата да отвориме, до толку сме сардисани. Се чудиме ако денеска јадеме, што ќе јадеме утре?“

Граѓаните што ние ги анкетиравме во рубриката Хајд Парк, велат дека државата само сака пари, наметнува давачки, а не прашуваат дали луѓето имаат леб за јадење.

„Ние без работа, без пари, нека земаат од тие што имаат, а не од тие што немаат, а тие удираат по секого.“

„Не прашуваат ни дали имаш за јадење.“

„Сè е по џебот на народот, тоа е страшно нешто, никој не може да издржи, јас сум пензионер, знам како опстојувам.“
Хајд Парк - Давачки преку глава
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Според Заводот за статистика, голем дел од граѓаните преживуваат благодарение на социјалната помош и пензиите од постарите. Иако од сиромаштијата се најпогодени невработените, не се исклучуваат ниту луѓето со приходи. Во категоријата сиромашни влегуваат 10 проценти од вработените и 16 отсто од пензионерите во земјава.
Сè е по џебот на народот, тоа е страшно нешто, никој не може да издржи, јас сум пензионер, знам како опстојувам.
Анкетиран граѓанин.

Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата.
Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата.
Неколку месеци, граѓанската иницијатива АМАН протестира против поскапувањата на струјата парното и горивата. Ни доаѓаат луѓе кои не можат да си ги подмират сметките, во спротивно не би доаѓале, вели Џељал Хоџик од АМАН.

„Најчесто се пензионери на нашиот протест, тие имаат примања, пензии, но не се во состојба да си ги плаќаат сметките, инаку невработените не се во состојба да доаѓаат на протести, затоа што ако се подалеку некаде од центарот на градот не можат да си дозволат ниту автобус, за нив е премногу и таа автобуска карта.“

Податоците на статистика покажуваат дека за речиси три четвртини од домаќинствата еднонеделен одмор во текот на годината е само желба, бидејќи не можат да си го дозволат. Дури 40 отсто од граѓаните имаат проблеми при отплаќањето на сметки за вода, струја и парно или при отплаќањето на кредити.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG