Достапни линкови

Екстремна „Златна зора“ за екстремна Грција


„Златна зора“ е единствената партија која прави нешто за грчкиот народ, цитира весникот Интернешнал Хералд трибјун еден жител на Атина во врска со се поголемиот подем на оваа, како што се оценува во текстот, фашистичка организација. Главни причини за тоа се економската криза и големиот бран бегалци.

Грција е главна влезна врата за мигрантите од Азија и Африка на пат до Европа, пишува весникот Интернешнал Хералд трибјун додавајќи:
Нивните позиции можеби се екстремни, но и целата ситуација е екстремна исто така. Значи ни требаат екстремни мерки. Не може да имаме толку народи и толку различни вредности и идеали под еден покрив.
Марија Чандраки, невработена козметичарка од Грција.

„Денес во Грција ги има милион, благодарение на, како што велат самите Грци, несупехот на неколку нивни влади да етаблираат функционална миграциона политика, но и на законите на Европската унија со кои им се дозволува на земјите членки да ги враќаат оние што бараат азил таму каде што прв пат влегле на територијата на Унијата.

Делови од Атина се како воена зона. Расистички групи ноќе крстосуваат по улиците во потрага по жртви, продолжува текстот во Интернешнал Хералд трибјун во кој се наведува дека фашистичката организација „Златна зора“ во моментот е трета по популарност во Грција. Таа беше формирана во 1985 година по наредба на нејзиниот лидер кој за време на грчката хунта се наоѓаше во затвор.
„Криминалот расте, центата на имотите ни падна и решетки имаме дури и на вторите катови на зградите. Личи како да сме во затвор. Можете да видите млади како пребаруваат канти за да се прехранат“.
Никос Катаподис, 69-годишен пензионер.

Партијата стана позната во меѓународната јавност откако некои нејзини членови, според некои наводи, учествувале во масакрот врз босанските муслимани во Сребреница во 1995 година.

Во публикациите на оваа организација се фали Третиот Рајх, а често пати има и фотографии на Хитлер и на други нацистички лидери. Искористувајќи ја растечката ксенофобија, оваа партија во 2010 година доби место во градскиот совет на Атина.

На парламентарните избори годинава, „Златна зора“ го капитализира растечкиот антиимигрантски сентимент, односно обвинувањето на странците дека ја доведоа Грција до работ на економски колапс. Доби 7 насто од гласовите или 18 места во парламентот.

Најновите анкети покажуваат дека партијата продолжува да јакне, а нејзината поддршка е скоро 50 насто и тоа кај полицајците, кои никако не успеваат да решат голем број на злосторствата извршени од расна омраза.

„Истерајте ги странците од Грција“, пишува на игралиштето за деца во едно предградие на Атина.

Николаос Мичос пратеник на „Златна зора“ со маичка со лого кое личи на свастика вели:

„Ние сме борци и не се повлекуваме“, додека Марија Чандраки, невработена козметичарка која од Мичос доби пластично кесе со храна вели:

„Нивните позиции можеби се екстремни, но и целата ситуација е екстремна исто така. Значи ни требаат екстремни мерки. Не може да имаме толку народи и толку различни вредности и идеали под еден покрив.“

69-годишниот Никос Катаподис има само пцовки за грчката влада, додавајќи дека во изминатата деценија бранови имигранти создадоа гета во централниот дел на Атина.

„Криминалот расте, центата на имотите ни падна и решетки имаме дури и на вторите катови на зградите. Личи како да сме во затвор. Можете да видите млади како пребаруваат канти за да се прехранат“, додава тој, оценувајќи дека „Златна зора“ е единствената партија која прави нешто за грчкиот народ.

„Ако ми треба придружба или медицински третман ја повикувам „Златна зора“. Тие го прават она што треба да го прават политичарите. Има дупка и тие ја пополнија“, вели Катаподис за весникот Интернешнал Хералд трибјун.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG