Грчката атлетичарка Вула Папахристу е исфрлена од тимот и нема да се натпреварува на Олимписките игри во Лондон, соопшти грчкиот олимписки тим на два дена пред почетокот на игрите. Причина за исклучувањето се расистички коментари на атлетичарката на нејзиниот твитер-профил. Таа ги навредувала африканските мигранти во нејзината земја и ја подржала екстремно десничарската партија Златна зора.
Грчкиот олимписки тим соопшти дека 23-годишната натпреварувачка во троскок е исфрлена од тимот „поради изјави кои се спротивни на вредностите и идеите на олимпиското движење“.
Грчкиот олимписки тим соопшти дека 23-годишната натпреварувачка во троскок е исфрлена од тимот „поради изјави кои се спротивни на вредностите и идеите на олимпиското движење“.