Морбидна фантазија е, таков инцидент не се случил во Грција, изјави денеска портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас, зборувајќи за информациите во македонската јавност дека наводно македонски студент починал во Солун откако во петокот бил наводно претепан од припадници на екстремистичката партија „Златна Зора.“
Делавекурас побара од Владата во Скопје да биде попретпазлива и да не остава простор за вештачко заострување и пораст на национализмот.
На веста за наводното убиство на студент Македонец во Солун реагира и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. На својот Твитер профил, тој постирал линк до веста од Македонската меѓународна новинска агенција (МИНА), што објавува вести на англиски јазик. До веста, Филе искоментирал:
„Загрижен поради инцидентот во Солун. Воздржаноста и смиреноста мора да надвладеат да не се затрујат односите. Одговорот е во целосна истрага.“
Првично македонските медиуми кои ја објавија информацијата, се повикува на она што братучедот на наводно починатиот студент го напишал на својот Фејсбук профил, односно дека неговиот роднина лежи во болница во животна опасност.
Портпаролот на македонската влада Александар Ѓорѓиев денеска изјави дека Владата ќе излезе со реакција по овие информации откако ќе добијат официјална потврда дали се точни. Тој додаде дека преку дипломатските механизми се преземени сите потребни чекори.
Додека грчките институциите негираат, човекот кој ја објави информацијата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, за Нова Македонија денеска изјавил дека момчето навистина било претепано и починало и дека семејството го замолило да молчи за да немаат додатни проблеми во Грција.
За разлика од ова тврдење, дописничката на Канал 5 телевизија јавува дека таков инцидент не бил пријавен ниту во грчката полиција, ниту во болницата во која тврди роднината дека момчето починало, ниту дека бил организиран погреб во селото како што тврди роднината. Но како што известува Нова Македонија, роднината не сакал да даде повеќе информации за тоа како се случила тепачката со образложение дека не сака да предизвика поголеми несакани последици.
Веста за наводниот инцидент беше објавена на речиси сите медиуми во земјава и речиси секаде недостигаа основни информации за настанот. По објавувањето на веста, социјалните мрежи се наполнија со говор на омраза, најави за протести против грчкиот шовинизам, а синоќа со остри коментари на државната телевизија настапи и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров. Тој дури изјави дека „Грција или ќе се менува или ќе ја нема. Тоа е повик за војна“.
Тој за Прес 24 и понатаму тврди дека настанот се случил, изјавувајќи дека му е жал што, како што вели „неверните и продадени“ биле лишени од задоволството на директен пренос.
Загрижен поради инцидентот во Солун. Воздржаноста и смиреноста мора да надвладеат да не се затрујат односите. Одговорот е во целосна истрага.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.