Мислам дека нема млад човек од поранешниве ЈУ простори, без разлика на неговиот поглед на свет и животен стил, кој не ја знае песната „Лична карта“ на Аца Лукас. Од прилика текстот од рефренот на песната оди вака: „Napred, nazad, nemam gde licna karta prazna je samo tvoja slika stoji tu“ . Имено, ако се сменат зборовите во текстов кои означуваат насока во „лево“ и „десно“, човек ќе помисли дека Аца Лукас ја има во предвид општествено- политичката идејна лепеза што се нуди на нашата ни јавноста бедна од страна на групите кои тежнеат да го добијат легитимитетот за управување со институциите на власта како најважни институции во едно современо општество.
Каде и да се свртиш, гледаш слика иста, на која страна и да застанеш глетката каршија е иста. Тука се секогаш нацијата и религијата, тука се етничките идентитети и јазикот, тука е културата, вкусот за уметност. Тука е се само не она што навистина би требало првенствено да го тангира општеството, а тоа е социјалната состојба, тоест социјалната беда во нашиов случај. Со еден збор, насекаде е неолиберализмот, и тоа се повеќе се чини како нужна илузија.
Немам намера да елаборирам како пропагандата на неолиберализмот (во услови создадени од капиталистичкиот начин на производство и размена на добра) со помош на сите оние инструменти, од образованието до уметноста која се продуцира, за контрола на мислата и манипулација со свеста, направи јавноста да верува дека сме на крајот на историјата. Прогласувајки ја либералната демократија (се разбира, во пакет со капитализмот) како идеја над идеите. Така истиснувајќи ги сите други алтернативни идеи за организирање на општество и произведувајки си ја својата спротивност која е само навидум, формално, односно илузорна спротивност. Имено ова беше процес на тоа како општествената рационалност стана само стремеж да се задоволат ирационалните страсти на неговите членови. Ова разобличување на неолибералниот тоталитаризам на свеста го направија пред мене луѓе кои нивниот радиус на допир беше многу поголем од мојот во овој момент, затоа јас ќе престанам тука.
Како и да е, сакав да укажам на еден пример од нашата секојдневна политичка реалност кој е типична последица на ваквата состојба во општествено-јавниот простор. Имено, пред некој ден про-владините медиуми спинувајки едно интервју на Ѓунер Исмаил обелоденија дека тој се залагал за рушење и демонтирање на спомениците од проектот Скопје 2014, што било поталибански и од талибанците. Тие ова го претставија како официјален став на СДСМ, односно дека ова е план кој сигурно ќе се реализира при нивно евентуално доаѓање на власт.
Тоа што беше патетично во сето ова беше оградувањето на СДСМ од ваквиот став на Ѓунер Исмаил како личен став на Ѓунер со кој партијата нема никаква врска. Со ваков потег СДСМ како опозиција ја призна неподготвеноста и немањето желба за вистинска промена во општеството, со ова беше демонстриран стремежот кон власта со единствен мотив а тоа е придобивање на власт и ништо друго. Тоа беше и доказ за дефиницијата на политичките партии како групи кои единствено се стремат кон освојување и задржување на власта. Притоа, кадри се во тој стремеж да прифатат се и сешто, а особено ниската когнитивна свест на масите. Ваквата реакција на СДСМ беше прифаќање на играта на популизмот која отсекогаш е присутна и иманентна за општества во кое идејната ориентираност им е персонифицирана во политичките партии како такви. Опозицијата треба да понуди друг поглед на светот ако навистина верува дека е опозитот на владеачката класа. И тоа треба да биде така без разлика колку таа епистемолошка матрица ќе биде непопуларна кај масите, а не да игра по правилата на политичкиот маркетинг. Со прифаќање на ваквата игра, опозицијата највеќе што може да биде во очите на вистината е помало зло од злото кое претендира да го уништи.
Според ова, СДСМ најмалку што може да направи за да би се разликувала како политичка сила од ВМРО-ДПМНЕ е да го прифати и обелодени официјално ставот на Ѓунер Исмаил како свој, и тоа таков каков што медиумите го спинуваа, баш во таа форма - „талибанска“.
П.С. Немам никакво крвно сродство со господинот Ѓунер Исмаил.

Опозицијата треба да понуди друг поглед на светот ако навистина верува дека е опозитот на владеачката класа. И тоа треба да биде така без разлика колку таа епистемолошка матрица ќе биде непопуларна кај масите, а не да игра по правилата на политичкиот маркетинг. Со прифаќање на ваквата игра, опозицијата највеќе што може да биде во очите на вистината е помало зло од злото кое претендира да го уништи.