Во таа една недела интензивна работа на организацијата на Маршот за Мир увидов една карактеристика на моите сограѓани, која мене, како човек што десет години живеел надвор од својата земја, длабоко ме разочара. А тоа е: неверојатно колку многу омраза е собрана во народот наш, што дури ни една максимално позитивна акција не успева да го обедини. Сите сакаат да критикуваат, сите сакаат да бараат виновници, а од толку голема потрага по негативното во другиот, забораваат да ги согледаат и промовираат позитивните примери во нашето општество.
Немам ништо против критикување, баш напротив, но кога таквата пракса ќе ни стане секојдневие, едноставно ја губиме способноста да го видиме она што е добро. Затоа, во овој текст би сакал да се осврнам на еден позитивен пример.
Вистинските луѓе (битолски - „убај луѓе“) се толку ретки во оваа наша земја, што освен ако не дојдеш во директен контакт со нив, шансите да ги запознаеш се минимални. Нив нема да ги видиш пред камерите, нема да ги видиш во првите редови, нема да ги видиш во медиумите како се расфрлаат со празни зборови. Овие луѓе зборуваат преку своите дела и нив ќе ги видиш меѓу народот, онаму каде што е најпотребно. Морам да се пофалам дека сум имал среќа, животот да ме доведе до еден таков човек и ова ми е прилика да позборувам за него, бидејќи сум сигурен дека заслужува.
Кој е Игор Смилев?
Прв пат го видов на протестот против рестартирањето на Топилницата во Велес. Очигледно возбуден, веројатно од успешноста на самиот протест и големиот одзив на велешани (20.000), кои излегоа во одбрана на својот град - без дневници, без ручеци, без автобуси. Нашата средба беше кратка, но доволна за да добијам позитивен впечаток за овој човек. По околу два месеци се видовме повторно, овој пат поминавме неколку часови во една скопска кафеана, при што имав прилика да се уверам дека првичниот впечаток не ме излажал. Игор плени со неговата скромност, непосредност и нормалност. Во едно општество во кое сите сакаме да покажеме подобра слика за себе, да ја истакнеме нашата посебност и различност од другите, Игор плени со тоа што се труди да покаже колку е тој обичен. А, баш тоа го прави посебен, поразличен од другите.
Игор Смилев е поим за активист. Редок пример за човек кој општото добро секогаш го става пред своето. Пример, кој во ова наше поднебје е пред изумирање.
Заедно со уште неколку активисти од Велес ја формираат еколошката групација „Green Power“, која веќе дестина години води отворена војна против Топилницата, најголемиот загадувач во Велес. Игор си постави една јасна цел. Нема да дозволи Топилницата да ги труе велешани. И неговата борба започна. Од првите активистички акции, како обојувањето во зелено на стативите на градскиот стадион, кое резултираше со неодигрувањето на еден фудбалски натпревар (во тоа време Топилницата беше главен спонзор на локалниот фудбалски клуб), до сликање соблечени на „црниот рид“ создаден од згурата на Топилницата, со парола „No restart Topilnica” испишана на нивните грбови. Во случајот, бидејќи им недостигал уште еден човек за да ја комплетираат паролата, Игор успеал да го убеди таксистот што ги возал, да се соблече и да се слика заедно со нив.
Од јавното прогласување за еколошки терористи од страна на тогашниот градоначалник на Велес, до првите телефонски закани, кои редовно ги добивал и во кои му се заканувале по неговата безбедност, а и по онаа на неговите најблиски. Од полевањето со бензин и палењето на вратата од неговиот стан, чин за кој велешката полиција затворила очи, до добивањето на понуда за сериозна сума пари со цел да престане да се бори против Топилницата, Игор и останатите членови на групацијата остануваат доследни на своите идеали. На крај, неговата чесност, непокорливост и истрајност победува - Топилницата нема да се рестартира.
Со еден збор, Игор Смилев е поим за активист и за вистински човек од кој сите имаме многу да научиме. Затоа, ти благодарам Игор што постоиш и што успеваш да ми ја вратиш вербата во луѓето.
П.С. И овој човек во моментот се соочува со тужба од страна на управителот на Метрудхем, извесниот господин Тони Димитриески. Тони го тужи Игор за клевета, навреда, неовластено снимање и загрозување на неговата безбедност и онаа на неговите најблиски и бара отштета од 20,000 евра.
Луѓето запознаени со целиот случај јасно гледаат дека ниту една од тужбите не држи место. Симптоматично е, што тужбата против Игор доаѓа во моментот кога тој како претставник на „Green Power“ доставува барање до Основниот суд во Велес, за увид во купопродажниот договор за Топилницата. Фамозниот купопродажен договор кој никој го нема видено веќе две години, а за кој интерес пројавила дури и антикорупциската комисија, која има отворено досие за продажбата на Топилницата. Само ден по доставувањето на барањето, тужбата против Игор е поднесена.
Според мене, ова е класичен акт на заплашување, од страна на една корпорација како Метрудхем, врз еден активист и борец за општото добро на сите нас. Во оваа борба без скрупули, во која корпорациите во потрага по профит се спремни и да газат врз достоинството и здравјето на обичниот човек, останува времето да каже кој ќе биде победник. Народот јасно покажа на чија страна е. Останува тоа да го покаже и правосудниот систем.
Ова не е повик за пристрасно судење, ова е повик за правично судење. Господа судии, вие сте на ред, а ние будно ќе го следиме секој ваш потег.
Од јавното прогласување за еколошки терористи од страна на тогашниот градоначалник на Велес, до првите телефонски закани, кои редовно ги добивал и во кои му се заканувале по неговата безбедност, а и по онаа на неговите најблиски. Од полевањето со бензин и палењето на вратата од неговиот стан, чин за кој велешката полиција затворила очи, до добивањето на понуда за сериозна сума пари со цел да престане да се бори против Топилницата, Игор и останатите членови на групацијата остануваат доследни на своите идеали.