Дозволете ја забелешката, ама штом во некој медиум, па и во нашиов, ќе се појави учесник Македонец со мало навестување дека може да има врска со нашите Албанци, како веднаш да предизвикува негативни реакции кај етничките Македонци.
Можеби потписите под вашите коментари и не се точни, но некоја Гоца од Скопје веднаш го оценила текстот на Реџеп Исмаил од невладината организација Ленка под наслов „Етникум - бомба што тлее“, како контроверзен и дека можеби со него сака да ја манипулира со јавноста, и .... што уште не. А Исмаил во нашата младинска он-лајн колумна само мошне отворено ги искажува своите впечатоци дека во земјава постои поделба што предизвикува омраза и нетрпеливост од која се раѓа конфликт и плус дека власта произведува меѓусебни тепачки и превирања.
Гоца уште смета дека една етничка заедница, не ја именува која е таа, се издвојува според агресивноста и во радикалните барања и дека валканата игра ја играла и во Србија, Црна Гора, а во последно време и во Грција, а дека ЕУ го толерира тоа. Но Африм, исто така од Скопје пишува дека Гоца воопшто и не го прочитала текстот. Тој вели: „Аферим на Реџеп, треба делегитимирање на етникумот како политичка детерминанта“ и дека „само така луѓето како Гоца ќе ја видат заднината на играта“.
Нашиот текст-информација за акцијата Детонатор развил фин писмен дијалог помеѓу редовните Владо од Скопје и Џони од Валандово: Владо, имено пишува дека се плаши работата да не испадне како во изреката: „Рибата од главата смрди ама од опашката се чисти“. Ќе мора, пишува Владо да се чисти од самиот врв - леглото на групата. Џони му одговара дека е точно дека рибата смрди од главата, а главата, вели, е во Владата кај Грујо и бате му Саше.
Неделното интервју на Радио Слободна Европа, овојпат, со министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, го испровоцирало Петар Периќ од Ушкуп само во делот за АКТА: Петар Периќ смета министерот нема поим што значи тоа штом вели дека им одговара на граѓаните. „АКТА воопшто не им одговара на граѓаните и министерот малку нека се информира за тоа, па му дава и веб-адреса каде што може да прочита за тој документ со кој, како што сметаат неговите противници, се воведува цензура и на интернетот.
Рибата од главата смрди ама од опашката се чисти. Овде ќе мора да се чисти од самиот врв - леглото на групата. Сторителите - извршителите треба да останат последни во санкционирањето, но не и да се поштедат.Коментар од читател.