Уставниот суд е виновен за малиот број на евидентирани административци во регистрите за државни и јавни службеници, затоа што со одлуката на Судот вработените во здравството, културата и вработените во јавни претпријатија и институции кои се основани од општините и град Скопје се укинаа од списокот на административците. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела. Тој додава дека за волја на вистината администацијата брои 118 илјади вработени.
„Во државна администрација работат 14.800 вработени. А во јавна администрација, откако Уставен суд ги укина тие гранки кои ги спомнав, останаа мал број, околу 10.700 вработени, значи целата бројка на вработени во администрацијата е 118 илјади.“
Но овие бројки не соодветствуваат со оние на Заводот за статистика, кој во јавниот сектор изброил 164.000 вработени. Различното толкување на она што треба да спаѓа во администрација не дава одговор на прашањето колку луѓе всушност добиваат плата од државните и општинските буџети.
И покрај забелешките на Европската унија за превработеноста во администрацијата, ангажираноста на луѓе од малцинствата на квантитативна основа наместо вработување на квалитетен кадар, никој нема да биде отпуштен од работа.
Министерот Ивановски вели дека на луѓето кои се водат како вишок вработени во некоја институција ќе им биде овозможено да се преместат во друга институција или да си останат вишок доколку не сакаат.
„Не е задолжително, не мора, ова е опција, за да се воведе и модерен систем на мобилност во државата. Не е пропишано со закон дека кога ќе се идентификува некои лице како суфицит задолжително да оди во друга институција, не, ќе му се дадат повеќе опции.“
РСЕ: Ако на пример не може да се прекфалификува за друга работа, што ќе се случи со него?
„Ќе си остане каде што е, нема никогаш да биде избркан.“
РСЕ: Без разлика што е вишок?
„Апсолутно.“
СДСМ смета дека новата мерка на владата со која се предвидува трансфер на вработените во администрацијата создава опасност од пресметка со теканаречениот „неподобен кадар“.
„Како да ги стават во „Бункер“ така кажано, можеби нема да ги отпуштаат од работа, меѓутоа ќе ги тргнат сите оние кои не им одговараат, далеку од сферите на одлучување и она што им била досегашна работа. Тоа не е начин на градење на професионална администрација тоа е еден пролетерски упад во институциите која го прави оваа власт и за жал голем дел од институциите во државата се уништени,“ вели генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.
Тој додава дека администрацијата во изминативе 6 години е „напумпана “ со партиски војници и дека тоа е одраз на политиката на Владата која се грижи повеќе за сопствениот рејтинг и како да им се додвори на граѓаните наместо да ги подобри состојбите во администрацијата.
Реформите во администрацијата се дел од претпристапниот дијалог со владата, односно во септември Владата ќе треба да ги презентира резултатите пред Европската унија.
Не е задолжително, не мора, ова е опција, за да се воведе и модерен систем на мобилност во државата. Не е пропишано со закон дека кога ќе се идентификува некои лице како суфицит задолжително да оди во друга институција, не, ќе му се дадат повеќе опции.Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.
„Во државна администрација работат 14.800 вработени. А во јавна администрација, откако Уставен суд ги укина тие гранки кои ги спомнав, останаа мал број, околу 10.700 вработени, значи целата бројка на вработени во администрацијата е 118 илјади.“
Но овие бројки не соодветствуваат со оние на Заводот за статистика, кој во јавниот сектор изброил 164.000 вработени. Различното толкување на она што треба да спаѓа во администрација не дава одговор на прашањето колку луѓе всушност добиваат плата од државните и општинските буџети.
И покрај забелешките на Европската унија за превработеноста во администрацијата, ангажираноста на луѓе од малцинствата на квантитативна основа наместо вработување на квалитетен кадар, никој нема да биде отпуштен од работа.
Како да ги стават во „Бункер“ така кажано, можеби нема да ги отпуштаат од работа, меѓутоа ќе ги тргнат сите оние кои не им одговараат, далеку од сферите на одлучување и она што им била досегашна работа. Тоа не е начин на градење на професионална администрација, тоа е еден пролетерски упад во институциите која го прави оваа власт и за жал голем дел од институциите во државата се уништени.Андреј Петров, СДСМ.