Догодина ќе се намали увозот на електрична енергија, а ќе се зголеми употребата на енергенси од домашно производство, посочува министерот за економија Ваљон Сарачини повикувајќи се на енергетскиот биланс. Дел од бизнисмените, од друга страна, велат дека до 2017 година ќе бидеме енергетски позависни и посочуваат дека трошоците на компаниите за природен гас се поголеми од предвиденото.
Сарачини вели дека, според стратегијата, догодина ќе се обезбедува повеќе енергија од дома, во споредба со годинава.
„Вкупните потреби од енергија во 2013 година ќе се обезбедат со 52,2 проценти од домашни извори и 47,8 отсто од увоз. Од увоз се обезбедува природниот гас, суровата нафта, како и сушен лигнит и одредени количини електрична енергија.“
За догодина се планира побарувачка од 9 илјади гигават часови електрична енергија, вели Сарачини.
„Што е за 2,6 проценти повеќе од остварувањата во 2012 година. Од вкупните потреби на електрична енергија во 2013 година, 76,5 проценти ќе се обезбедат од домашно производство, додека остатокот од 23,5 проценти ќе се обезбеди од увоз“, вели Сарачини.
За пет години увозот на струја ќе изнесува 27 проценти, забележува Тихомир Атанасовски од Скопска пивара, додавајќи дека предвидено е и официјализирано дека за половина деценија ќе стануваме се повеќе увозно зависни.
„Тоа за мене како конзумент на енергија значи дека ќе расте цената, а ако расте цената на енергијата ќе расте и цената на производите. Така што, за мене навистина е неприфатливо тоа што немаме ни едно решение како да го поттикнеме домашното производство и тука не зборувам за природен гас и другите енергенси што се комплетно увозни“, вели Атанасовски.
Претставници на компаниите се пожалија и на трошоците во работењето со природен гас. Зоран Таневски од „Макпетрол“ вели дека станува збор за лошо предвидување по желба на количини, поради што компанијата морала да обезбеди банкарска гаранција од 2 месеци.
„Тој трошок којшто е пренесен во тоа обезбедување, а притоа знаеме дека не се реализираат тие количини, значи веќе истекува последниот месец од годината и не се реализираат количините, навистина ни создаде дополнителни трошоци“, вели Таневски.
Претставниците на компаниите исто така посочуваат дека со зголемениот увоз на автомобили со дизел мотори и префрлањето кон лесно плинско гориво, може да се очекува намалување на потрошувачката на бензините. Се бара и практична примена на новата уредба за квалитетот на течните горива.
Вкупните потреби од енергија во 2013 година ќе се обезбедат со 52,2 проценти од домашни извори и 47,8 отсто од увоз. Од увоз се обезбедува природниот гас, суровата нафта, како и сушен лигнит и одредени количини електрична енергија.Ваљон Сарачини, министер за економија.
Сарачини вели дека, според стратегијата, догодина ќе се обезбедува повеќе енергија од дома, во споредба со годинава.
„Вкупните потреби од енергија во 2013 година ќе се обезбедат со 52,2 проценти од домашни извори и 47,8 отсто од увоз. Од увоз се обезбедува природниот гас, суровата нафта, како и сушен лигнит и одредени количини електрична енергија.“
За догодина се планира побарувачка од 9 илјади гигават часови електрична енергија, вели Сарачини.
„Што е за 2,6 проценти повеќе од остварувањата во 2012 година. Од вкупните потреби на електрична енергија во 2013 година, 76,5 проценти ќе се обезбедат од домашно производство, додека остатокот од 23,5 проценти ќе се обезбеди од увоз“, вели Сарачини.
Тоа за мене како конзумент на енергија значи дека ќе расте цената, а ако расте цената на енергијата ќе расте и цената на производите. Така што, за мене навистина е неприфатливо тоа што немаме ни едно решение како да го поттикнеме домашното производство и тука не зборувам за природен гас и другите енергенси што се комплетно увозни.Тихомир Атанасовски, Скопска пивара