Достапни линкови

Сонце има, ама не го користиме


Илустрација.
Илустрација.

Во земјава сè уште има мала искористеност на обновливите извори на енергија. Поради релативно евтината струја, досега немаше интерес за вложување во користење на сончева енергија.

Обновливите извори на енергија се недоволно искористени во Македонија и покрај тоа што земјава има потенцијали, посебно за сончева енергија, сметаат упатените.
Досега, поради ниската цена на енергијата, приватниот сектор, комерцијалниот сектор немаше сметка и интерес да вложува инвестиции во користење сончева енергија.
Константин Димитров, универзитетски професор.

Професор Константин Димитров вели дека приватниот сектор нема интерес да вложува во сончевата енергија.
Илустрација.
Илустрација.

„Може да се одговори дека постоечкиот потенцијал сè уште се користи релативно малку, бидејќи досега, поради ниската цена на енергијата, приватниот сектор, комерцијалниот сектор немаше сметка и интерес да вложува инвестиции во користење сончева енергија.“

Димитров посочува дека државата го субвенционира инсталирањето на системи за искористување на сончевата енергија.
Се очекува во наредниот период цената на технологијата, на опремата доста да паѓа, при што и самите проекти ќе станат многу поконкурентни и да речам подостапни за реализација.
Зоран Балевски, директор на сончева централа во Новаци.

„Иако, тоа не ја боли многу државата, тоа ги боли граѓаните коишто ја плаќаат електричната енергија. Државата нема ништо со тој сектор, освен што добива 18 отсто од оние што ќе потрошат електрична енергија, таа само инкасира плус, така што нејзе баш и не и од голем интерес да се намали потрошувачката на електрична енергија“, вели Димитров.

Зоран Балевски, директорот на „Мега Солар“, компанијата која ја изгради сончевата централа во општината Новаци, вели дека станува збор за профитабилна инвестиција.

„Генерално, сигурно ви потврдувам дека банките се влезени со свои средства во тој бизнис, во соларна енергија, има основ и за заработка и од бизнис аспект е прифатливо, со тоа што сигурно не е тоа од оние типови на бизниси со кои се остваруваат огромни заработки преку ноќ.“

Сончевата енергија може да биде добра алтернатива, но засега проблем е цената на опремата, вели Балевски.

„Овде станува збор за замена во капацитет. Можно е доколку се инвестира во овој дел, меѓутоа во моментов оваа технологија е доста скапа. Се очекува во наредниот период цената на технологијата, на опремата доста да паѓа, при што и самите проекти ќе станат многу поконкурентни и да речам подостапни за реализација“, вели Балевски.
XS
SM
MD
LG