Достапни линкови

Гасот во Куманово доцни


Илустрација.
Илустрација.

Гасоводната мрежа во Куманово се шири бавно, бидејќи единствен финансиер е локалната самоуправа, вели Момчило Мирчевски, директор на ЈП „Куманово-гас“.

Гасоводната мрежа во Куманово постојано се шири, но како што вели Момчило Мирчевски, директор на локалното ЈП „Куманово-гас“, тоа тешко оди бидејќи сè уште единствен финансиер е локалната самоуправа. И со тие средства поставувањето на гасоводниот систем се одвива релативно добро, меѓутоа Мирчевски додава дека сепак би било подобро советниците да донеле одлука за јавно-приватно партнерство. Во спротивно, поставување на гасоводот ќе оди забавено:
Така ќе одиме со ова темпо, а најважно е што нема да запреме со активностите. Моментално работиме на улицата „Гуцман“, во непосредна близина на улицата „Никшиќка“ на која се наоѓа и Основното училиште „Кочо Рацин“. Тоа училиште е голем потрошувач на нафта.
Момчило Мирчевски, директор на ЈП „Куманово-гас“.

„Така ќе одиме со ова темпо, а најважно е што нема да запреме со активностите. Моментално работиме на улицата „Гуцман“, во непосредна близина на улицата „Никшиќка“ на која се наоѓа и Основното училиште „Кочо Рацин“. Тоа училиште е голем потрошувач на нафта.“
Момчило Мирчевски, директор на ЈП „Куманово-гас“.
Момчило Мирчевски, директор на ЈП „Куманово-гас“.

Со тоа ќе бидат приклучени сите училишта и нафтата да се замени со земен гас. За пет-шест години гасоводната мрежа е поставена на 16 километри. Меѓутоа, Мирчевски додава дека јавните институции до кои е дојдена гасоводната мрежа, како што се полицијата, судот или поштата, не се приклучени од нему непознати причини.

„Не покажаа некој интерес, а ние немаме желба некого да молиме, а тие продолжуваат со нафта која е загадувач и поскапа. Остануваме со 12 приклучени објекти.“
Мислам дека е убава работа. Имам живеено 12 години во Хрватска и на почетокот ми беше страв, но подоцна кога сфатив дека плинот е економски исплатлив, мислам дека ние доцниме и под итно треба да се забрзаат работите и да се приклучиме.
Анкетиран жител на Куманово.

Мирчевски вели дека со најновото поскапување на струјата секојдневно има и граѓани што се интересираат за приклучување на гасоводната мрежа.

„По пет-шест наши потенцијални потрошувачи се интересираат кога ќе почнеме со приклучување на домаќинства. Она што беше неминовно, станицата за стабилизација ја поставивме уште минатата година, помина и тендерот за куќни сетови и во нив ќе бидат сместени најсофистицирани гасомери на Балканот.“

Мирчевски додава дека цената за приклучок ќе остане околу 800 евра со ДДВ, најниска во однос на оние во нашето најблиско соседство.

Со најновите поскапувања на струјата, запрашани за мислење неколкумина кумановци за приклучување на гасоводниот систем велат:

„Не е лошо. Може. Само прво да се решат сите комунални работи и гасот да дојде до нашата зграда.“

„Мислам дека е убава работа. Имам живеено 12 години во Хрватска и на почетокот ми беше страв, но подоцна кога сфатив дека плинот е економски исплатлив, мислам дека ние доцниме и под итно треба да се забрзаат работите и да се приклучиме.“

„Да, ако е поевтино ќе се приклучиме. Бидејќи не сум вработена не знам како ќе ги плаќаме сметките за струја.“

На почетокот на изградбата на гасоводниот систем кумановци беа скептични и плашливи за безбедноста. Со текот на времето, а и со најновите поскапувања на струјата тие се повеќе зборуваат за предностите на овој енергенс.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG