Примирјењто меѓу Хамас во Појасот Газа и Израел стапи на сила ноќеска и навидум се почиотува
Примирјето го најавија синоќа америиканскиот државен секретар Хилари Клинтон и египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Амр на прес конференција во Каиро. Тие соопштија дека е постигнат договор меѓу Хамас и Израел за прекин на огнот..
Клинтон го поздрави договорот за примирје во Појасот Газа и изјави дека го очекува спроведувањето на сеопфатниот договор за регионот. Таа изјави дека нема замена за праведен и траен мир. Клинтон смета дека прекинот на огнот доаѓа во клучно време за земјите од Блискиот Исток.
„ Ова е клучен момент за регионот. Новата египетска влада ја презема одговорноста и лидерство што ја прави оваа земја камен темелник на регионалната стабилност и мир.“
Клинтон додаде дека САД и Египет ќе продолжат да работат заедно за поддршка на следните чекори кои треба да се преземат за да се обезбеди безбедност за Израел и подобрување на условите за луѓето во Газа.
Претходно американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал од него да го прифати договорот кој го понуди Египет за прекин на огнот.

Ова е клучен момент за регионот. Новата египетска влада ја презема одговорноста и лидерство што ја прави оваа земја камен темелник на регионалната стабилност и мирАмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон