Израел денеска предупреди дека ќе ги преземе сите неопходни мерки доколку е потребно за да ги одбрани своите граѓани и да одговори на палестинските ракетни напади од Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека ни една држава не толерира насилство.
„Ни една влада нема да толерира ситуација во која речиси една петтина од нејзините жители живеат под постојана барикада и ракетни напади и Израел нема да го толерира тоа. Тоа е причината зашто мојата влада нареди израелската војска да спроведе хируршка операција против терористичката инфраструктура во Газа.“
Ваквиот коментар на Нетанјаху следува откако при последниот напад од Појасот Газа врз Израел загинаа најмалку тројца Израелци кои во досегашното насилство меѓу овие две страни се првите израелски жртви. Додека при израелските напади во изминативе неколку дена загинаа најмалку 13 Палестинци, меѓу кои има и деца, а стотици се ранети.
Портпаролот на изралеската војска Авитал Леибовиц изјави дека воената операција кон Газа ќе биде проширена и дека се отворени опциите да стартуваат со копнени воени акции. Тој истакна дека израелската резервна војска е алармирана и сега го подготвуваат следниот чекор.
Нетанјаху го обвинува Хамас дека користи деца како човечки штит од ракетните напади и изјави дека израелската војска ќе внимава да одбегнува детски жртви.
Палестинските власти кои ја загубија контролата врз Појасот Газа во 2007 години од Хамас го повикаа Израел да престане со нападите. Палестинскиот претседател Махмуд Абас под чија контрола е само Западниот брег се уште се однесува како лидер на сите Палестинци. Тој ја прекина својата европска турнеја и најави дека веднаш ќе се врати дома за да помогне во справувањето со новонастаната ситуација.
Египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека нападите на Израел врз Појасот Газа се „неприфаливи“ и водат кон нестабилност во регионот.
„Нашата позиција е јасна и ќе ја изразиме со повлекување на египетскиот амбасадор од Израел и ќе побараме изралескиот амбасадор да пренесе порака за нашиот став против нападите на Израел до министерството за надворешни работи.“
Во телефонски разговор со американскиот престедател Барак Обама, Морси зборувал за можни начини како би се стопирало насилството во тој регион, јавува новинската агенција Ројтерс.
Русија изрази загриженост за развојот на настаните, а британскиот секретар за наворешни работи Вилијам Хејг повика на воздржаност, но додаде дека примарната одговорност за насилствата лежи во Хамас.
Ни една влада нема да толерира ситуација во која речиси една петтина од нејзините жители живеат под постојана барикада и ракетни напади и Израел нема да го толерира тоа. Тоа е причината зашто мојата влада нареди израелската војска да спроведе хируршка операција против терористичката инфраструктура во Газа.Бенјамин Нетенјаху, премиер на Израел.
„Ни една влада нема да толерира ситуација во која речиси една петтина од нејзините жители живеат под постојана барикада и ракетни напади и Израел нема да го толерира тоа. Тоа е причината зашто мојата влада нареди израелската војска да спроведе хируршка операција против терористичката инфраструктура во Газа.“
Ваквиот коментар на Нетанјаху следува откако при последниот напад од Појасот Газа врз Израел загинаа најмалку тројца Израелци кои во досегашното насилство меѓу овие две страни се првите израелски жртви. Додека при израелските напади во изминативе неколку дена загинаа најмалку 13 Палестинци, меѓу кои има и деца, а стотици се ранети.
Портпаролот на изралеската војска Авитал Леибовиц изјави дека воената операција кон Газа ќе биде проширена и дека се отворени опциите да стартуваат со копнени воени акции. Тој истакна дека израелската резервна војска е алармирана и сега го подготвуваат следниот чекор.
Нашата позиција е јасна и ќе ја изразиме со повлекување на египетскиот амбасадор од Израел и ќе побараме изралескиот амбасадор да пренесе порака за нашиот став против нападите на Израел до министерството за надворешни работи.Мохамед Морси, претседател на Египет.