Нецели две години по изведбата на алтернативниот Општествено политички неподобен театар во Детски театарски центар, „Вртелешка“, текстот на еден од најголемите австриски драмски писатели Артур Шницлер во кој тој прави вивисекција на моралот која ги надминува просторните и временските рамки, повторно ќе осамне на една од домашните театарски сцени.
Овојпат како заеднички авторски труд го потпишуваат пет млади режисери кои дипломираа во класата на Дејан Пројковски на академијата ЕСРА – Андреј Цветановски, Ирена Стеријовска, Иван Манасковски, Хана Миленковска и Теа Беговска.
Тие, посегајќи по приказната која што говори за лицето и опачината на човечкото во човекот, иако работејќи засебно, потпишуваат колективен театарски чин во кој ги отвараат прашањата за доминација на нагонот како еден од носечките принципи на егистенција.
„Текстот е универзален затоа што се работи за човечката природа и човечката природа во текот на историјата останува таа што е, односно на една граница помеѓу тоа што не прави луѓе и тоа што не прави животни“, вели Андреј Цветановски.
Ирена Стеријовска забележува дека тие всушност се бават со прашањето дали вистината која што секој индивидуалец ја бара како реализација на себе си е протагонистички или антагонистички принцип доколку се стави во рамки на нешто што е добро или лошо.
„Се обидовме да ја имплементираме целата приказна во рамки на некоја си детска игра за возрасни и од тука да видиме дали преку очите на наивноста вистината реално носи до некакви условно позитивни придвижувања во однос на нашиот живот или можеби е подобро она што е анимално да се скрие и сите да функционираме на принцип на некакви си маски.“
Во овој проект со фрагментарна драматургија во кој сите актери на некој начин се главни и се појавуваат во две сцени играат: Драгана Левенска, Биљана Беличанец, Зоран Љутков, Кристина Лаковска, Игор Стојчевски, Трајанка Илиева, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски, Игор Ангелов и Маја Вељковиќ Пановска.
„Сите ликови на крајот всушност трагаат по љубов и очигледно е дека во нив има некоја празнотија која не можат никако да ја пополнат“, истакнува Вељковиќ - Пановска, која по втор пат се појавува во Шницлеровата „Вртелешка“, но овојпат наместо Слатката девојка ја толкува Младата сопруга.
Инаку, претставата беше работена под менторство на Пројковски кој за своите млади колеги вели дека е тоа „генерацијата која што носи нова поразлична енергија во македонскиот театар и која дефинитивно ќе ја привлече публиката во театарските сали“. Музиката во „Вртелешка“ е на Горан Трајковски, костимограф е Марија Пупучевска, а за сценографијата беше задолжен Владо Ѓорески – Рафик.
Текстот е универзален затоа што се работи за човечката природа и човечката природа во текот на историјата останува таа што е, односно на една граница помеѓу тоа што не прави луѓе и тоа што не прави животни.Андреј Цветановски, режисер.
Овојпат како заеднички авторски труд го потпишуваат пет млади режисери кои дипломираа во класата на Дејан Пројковски на академијата ЕСРА – Андреј Цветановски, Ирена Стеријовска, Иван Манасковски, Хана Миленковска и Теа Беговска.
Тие, посегајќи по приказната која што говори за лицето и опачината на човечкото во човекот, иако работејќи засебно, потпишуваат колективен театарски чин во кој ги отвараат прашањата за доминација на нагонот како еден од носечките принципи на егистенција.
„Текстот е универзален затоа што се работи за човечката природа и човечката природа во текот на историјата останува таа што е, односно на една граница помеѓу тоа што не прави луѓе и тоа што не прави животни“, вели Андреј Цветановски.
Сите ликови на крајот всушност трагаат по љубов и очигледно е дека во нив има некоја празнотија која не можат никако да ја пополнат.Маја Вељковиќ Пановска, актерка.