Достапни линкови

Расказ на Кујунџиски во американска антологија


Писателот Жарко Кујунџиски.
Писателот Жарко Кујунџиски.

„Кога се губат очилата“ расказот на македонскиот писател Жарко Кујунџиски влезе во американската антологија „Најдобрата проза од Европа“ за 2013 година што идниот месец ја објавува издавачката куќа „Далки аркајв прес“. Делото на Универзитетот Колумбија во Њујорк, вечерва, на јавното читање на трите одбрани раскази од книгата, ќе го претстави преведувачката Елена Митреска.

По Гоце Смилевски и Блаже Миневски, Жарко Кујунџиски е третиот македонски писател чие дело ќе се најде во американската антологија „Најдобрата проза од Европа“ што како едиција по четврти пат ја публикува издавачката куќа „Далки аркајв прес“ и чија цел е да ја запознае тамошната публика со авторите кои заради својот книжевен ракопис завредуваат особено внимание, а творат на Стариот континент.
За мене ова доаѓа после два превода на англиски јазик на мојот роман „Спектатор“ и со кој што годинава имав и промоција во Полска, така што 2012 ја заокружувам со уште еден навистина драг момент. Да се биде меѓу најдобрите во Европа, што и да значи тоа, за секого е и задоволство и почестеност.
Жарко Кујунџиски, писател.

За изданието што од печат ќе излезе во текот на ноември, меѓу 30-те раскази на реномирани писатели од повеќе европски држави, главниот уредник Џон О' Брајан го одбрал „Кога се губат очилата“ на Кујунџиски што првично беше публикуван во колекцијата „13“, која како издание на скопски „Антолог“ излезе во 2010 година.

Насловната страна на збирката раскази 13 во која е објавен расказот „Кога се губат очилата“ на писателот Жарко Кујунџиски.
Насловната страна на збирката раскази 13 во која е објавен расказот „Кога се губат очилата“ на писателот Жарко Кујунџиски.
​„За мене ова доаѓа после два превода на англиски јазик на мојот роман „Спектатор“ и со кој што годинава имав и промоција во Полска, така што 2012 ја заокружувам со уште еден навистина драг момент. Да се биде меѓу најдобрите во Европа, што и да значи тоа, за секого е и задоволство и почестеност“, истакнува Кујунџиски.

Кругот полека се шири и драго ми е што и моето име влегува во еден таков контенст. Е, сега колку тоа ќе значи повеќе преводи и повеќе присутност моја лична надвор од Македонија, не можам да кажам. Знам само дека во моментов во преговори сум за објавување на мојот втор роман „Америка“ за една италијанска издавачка куќа, така што се надевам дека тоа се' повеќе ќе се случува. Многу често, како искуство, автори кои биле застапувани во оваа антологија успеале да направат добра кариера. Доказ за тоа е Гоце Смилевски и успехот на неговиот роман „Сестрата на Зигмунд Фројд“. И, половина да го достигнам од тоа јас би бил задоволен.
Жарко Кујунџиски, писател.
Говорејќи за преводите на делата и за комуникацијата со интернационалната публика, писателот вели дека таквите приопштувања треба да радуваат секого независно кој на која творечка генерација и припаѓа. Притоа тој дополнува дека за една средина во која творат и надвор виреат имиња како Венко Андоновски, Лидија Димковска и други, можеби е поголема радоста кога ќе слушне дека и млади и недоволно афирмирани автори веќе се преведуваат на странски јазици.

„Кругот полека се шири и драго ми е што и моето име влегува во еден таков контенст. Е, сега колку тоа ќе значи повеќе преводи и повеќе присутност моја лична надвор од Македонија, не можам да кажам. Знам само дека во моментов во преговори сум за објавување на мојот втор роман „Америка“ за една италијанска издавачка куќа, така што се надевам дека тоа се' повеќе ќе се случува. Многу често, како искуство, автори кои биле застапувани во оваа антологија успеале да направат добра кариера. Доказ за тоа е Гоце Смилевски и успехот на неговиот роман „Сестрата на Зигмунд Фројд“. И, половина да го достигнам од тоа јас би бил задоволен.“

Роден во Скопје 1980 година, Жарко Кујунџиски е македонски прозаист, драмски автор и колумнист. Досега ги објавил романите „Спектатор“ - првиот дебитански роман кај нас со пет изданија што од печат излезе во 2003, „Америка“ (2006) и „Најдено загубено“ (2008), книгата драми „Ендрју, љубов и други непогоди“ (2004) и колекцијата раскази „13“

Тој во своите дела се занимава со комплексните односи меѓу единките во современото општество, невозможноста да се воспостави целосна емотивна комуникација, поради личните преобликувања и преобразби на впечатливите ликови кои најчесто се хиперсензитивни и кршливи, како и со процесите на претворање на материјалното во метафизичко.

Кујунџиски ги преведе од англиски „Појадок кај Тифани“ од Труман Капоти и „Евтини приказни“ од Квентин Тарантино и Роџер Ејвори, а добитник е на петнаесетина литературни и на наградата „13 Ноември“.

Писателот истакнува дека и натаму ќе го задржи тој континуитет на пишување на проза, посебно на онаа форма која според него побрзо се пишува – расказот, а за догодина го најавува и излегувањето на својот нов роман, чиј работен наслов е „Страница 404“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG