Додека е оваа власт во Македонија моите две драми нема да видат бел ден на сцена – ќе рече Мимоза Ристова, професор на Институтот по физика на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и автор на книгата „Марија и Пјер“ и „Кучето“, што во издание на „Сигма прес“ од Скопје се појави деновиве.
„Нема да доживеат бел ден затоа што јас секогаш кога конкурирам за нешто во владата на Република Македонија јас ништо не добивам и како научник сум практично дисидент. Шест години јас немам добиено проект, а цело време барам, а не е да не сум од квалитетните научници коишто не заслужуваат, туку напротив. Така што нема ни да се обидам додека не заврши сето ова и еден ден мислам дека со туѓа помош ќе се одигра некаде во странство пред да се одигра тука.“
Ристова дополнува дека го сонува денот кога некоја од нејзините драми ќе биде поставена на некоја од македонските театарски сцени, а говорејќи за сопственото делување во јавноста и особено за поривот за пишување забележува дека „е така родена, дека потоа се занимавала со сликарство, па го уредувала весникот што како средношколка го измислила, но никогаш немала петка по македонски јазик затоа што професорите сакале клишеа што таа не ги почитувала.
„Еден ден решив да почнам да пишувам затоа што тоа е дел од светот којшто сакам да го посетувам од време на време. Тоа е фикција којашто ме носи во други подрачја, во други светови, во други времиња, во други општества, па дури и во општества на животните.“
Авторката на „Професорот Еднокамчев“(1999), „Оскар за Статуетката мочко“ (2007), „Серија од Мајки“(2009) и актуелната четврта книга две драми „Марија и Пјер“ и „Кучето“, потенцира дека во меѓувреме станала „пасиониран зависник од пишување“, дека ќе продолжи да ги објавува и своите колумни, но категорична е дека сем со своето перо поинаку нема намера да се ангажира во политиката.
„Во политиката со свилени конци, со перо и до таму, јас не одам во политика, не се ангажирам политички, ама делувам затоа што обврска на секој од нас е да го менува светот околу себе на подобро, а ова е моето оружје со коешто се борам.“
Инаку, професионалните интереси на научникот и професор Ристова се во подрачјата на полуспроводниците, радијационата физика, сончевата енергија и форензиката. Таа има потпишано голем број научни трудови, учебници по физика за основно и средно образование и учебник за студентите на УКИМ.
Промотори на нејзините две драми во Галерија „Остен“ беа нејзиниот пријател од младоста и колега од Универзитетот Мишел Павловски и Наум Пановски, режисер и Фулбрајтов професор од САД, кој во своето емотивно говорење ќе забележи:
„Во светот на нетрпеливост и репресија од сите сорти, и исклучување на се’ што е поинакво од нас и од нашите стереотипи, крикот на Марија Кири, за повеќе љубов и топлина за една мала трошка човечка среќа ни го одзема здивот. По другарувањето со неа, остануваме неми пред вистината, дека сето тоа како леб насушен ни треба е тоа мало парче хуманост!.“
Нема да доживеат бел ден затоа што јас секогаш кога конкурирам за нешто во владата на Република Македонија јас ништо не добивам и како научник сум практично дисидент. Шест години јас немам добиено проект, а цело време барам, а не е да не сум од квалитетните научници коишто не заслужуваат, туку напротив. Така што нема ни да се обидам додека не заврши сето ова и еден ден мислам дека со туѓа помош ќе се одигра некаде во странство пред да се одигра тука.Мимоза Ристова, автор.