Ѓорѓи Јолевски деновиве се врати од Русија со куфер полн громогласни аплаузи. Македонскиот режисер, неговиот соработник Горан Трајковски како автор на музиката и актерите кои ги толкуваат улогите во „Рингишпил на љубовта“, претставата работена според „Сината соба“ на Дејвид Хеар, со овации биле испратени од сцената на театарот „Вера Фјодоровна Комесаржевскаја“ во Санкт Петербург.
Оваа слика од премиерната изведба одржана на 20 април се повторила на двете последователни репризни одигрувања, а Јолевски во очекување на рецензиите од Градот на уметноста вели дека ова за него било навистина драгоцено професионално искуство.
„Првпат во Санкт Петерсбург беше одиграна претставата Сината соба, првпат Дејвид Хеар влезе со неговата фрагментарна драматургија исто како новитет во драматургијата и поставувањето претстави во Санкт Петерсбург. За мене е многу големо искуство затоа што да се работи во градот што го има воспеано Достоевски, таму каде што се наоѓа Марински театар или Кировски театар е навистина прекрасно искуство три месеци да се битисува таму, а уште поголемо да се има премиера во еден од најголемите и најпрестижни театри во светот“, вели Јолевски.
Од друга страна, Јолевски и натаму како селектор на драмскиот дел од програмата за престојното 52 издание на фестивалот „Охридско лето“ најавува голем музичко-сценски спектакл за неговото отворање. Тој вели дека прват по 12 години откако со „Маседуан - Одисеја 2001“ на Иван Поповски беше промовирана сцената во Античкиот театар, манифестацијата повторно ќе започне со премиерна изведба на театарска претстава. Со „Ромео и Јулија“ работена според Шекспир во режија на Дејан Пројковски. Проектот ќе се работи во продукција на фестивалот „Охридско лето“, негов носител ќе биде Битолскиот народен театар во копродукција со театарот „Вера Фјодоровна Комесаржевскаја“, Македонската опера и балет и Охридскиот театар. Планирано е во него учество да земат 30-тина актери, 40 балетски уметници, 70 музичари – членови на оркестарот и бројни жонглери и акробати.
„Се работи за интернационален проект, мултимедијален проект којшто ќе ги собере на едно место различните уметности, како што е зборот, музиката, визуелното, кореографијата, балетот, операта. Всушност тоа е и суштината на театарот, да ги обедини уметностите за да создаде амалгам од убаво и да ја прати пораката на убавото до публиката“, вели Јолевски.
Првпат во Санкт Петерсбург беше одиграна претставата Сината соба, првпат Дејвид Хеар влезе со неговата фрагментарна драматургија исто како новитет во драматургијата и поставувањето претстави во Санкт Петерсбург. За мене е многу големо искуство.Ѓорѓи Јолевски, режисер и актер.