Достапни линкови

Фирмите не можат да ги вратат кредитите на банките


Опаѓа финансиската кондиција на фирмите за отплата на кредитите, како последица на рецесијата и долгиот период на неликвидност на македонското стопанство.

Фирмите се најдоа затечени од рецесијата и во услови на слаба ликвидност порасна бројот на нефункционални кредити во банките, велат дел од стопанствениците и упатените. Банкарите претходно напоменаа дека поголем дел од популарно познатите токсични кредити се наоѓаат во приватниот сектор.
За да се надмине оваа ситуација прво треба да се надмине кризата во стопанството, а како второ треба да се донесат посебни решенија за надминување на неликвидноста.
Мирче Чекреџи, Сојузот на стопански комори.

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори, вели дека во услови на рецесија зголемениот број на кредити кои фирмите не можат да им ги вратат на банките е нормална појава:

„Тоа е последица на рецесијата и уште е последица на долгиот период на неликвидност на македонското стопанство.“

Прв чекор е надминување на сегашните потешкотии, смета Чекреџи.

„За да се надмине оваа ситуација прво треба да се надмине кризата во стопанството, а како второ треба да се донесат посебни решенија за надминување на неликвидноста.“
Неликвидноста доаѓа од две причини, прво од глобалната криза која има влијание во Македонија и се импротира за жал таа глобална криза, затоа што на нас најголемите трговски партнери ни се од Западна Европа, претежно Германија.
Висар Адеми, економски аналитичар.

Неквалитетните кредити достигнуваат 10 отсто од вкупно одобрените заеми, или од целото портфолио на банките. Тоа укажува дека нема ликвидност на приватниот сектор, вели економнскиот аналитичар Висар Адеми.

„Неликвидноста доаѓа од две причини, прво од глобалната криза која има влијание во Македонија и се импротира за жал таа глобална криза, затоа што на нас најголемите трговски партнери ни се од Западна Европа, претежно Германија. Но, од друга страна локалните компании се повеќе и повеќе ја губат таа конкурентна позиција што ја имале досега.“

Покриеноста на увозот со извоз, или трговскиот дефицит се зголемува секојдневно, потсетува Адеми, додавајки дека на домашниот пазар фирмите често биле активни на тендери на државните институции.

„Тие капитални инвестиции што државата досега ги правеше се повеќе се намалуваат бидејќи и државната каса станува се попразна, така да тоа се рефлектира и во приватниот сектор.“

Слабата ликвидност подразбира дека инвестициите на фирмите се помалку профитабилни. Првиот човек на Стопанката комора на Македонија Бранко Азески смета дека проблемот може да се реши со зголемување на извозот.

„Предлог за донесување на закон за инвестициони активности во производните, извозно ориентираните компании во Македонија, со што ќе се мобилизираат и ќе се поттпомогнат тие компании да направат пресврт во структурата на Бруто домашниот производ.

Банкарите посочуваат дека опаѓа финансиската кондиција на фирмите за отплата на кредитите.
XS
SM
MD
LG