Македонија слабо ги користи парите од втората компонента од ИПА, европската програма чија општа цел е европеизација на општеството. Владата најавува повлекување на пари од втората компонента за прекугранична соработка со Косово. Земјава веќе изгуби 3 милиони евра од компонентата, проценуваат од граѓанскиот сектор.
Извршниот директор на Македонскиот центар за европско образование Лидија Димова вели дека од 2007 кога се создавале оперативните програми, поради политички проблеми, парите се инвестирале во граничниот премин меѓу Македонија и Косово.
„Што е малку иронично, затоа што зборувате за прекугранична соработка, а ја остварувате преку зајакнување на границите наместо обратно, ама тоа е. Сега ќе видиме што ќе се случи. На располагање е одредена сума на пари. Апсорпцијата на македонска страна во делот на прекугранична соработка е ужасна, мислам многу е лоша и не знам што треба да се случи за да може да се подобри апсорпцијата на парите.“
И сега до крајот на годината ако не повлечеме повеќе пари, не само со Косово туку и со Бугарија и Грција, ќе бидеме ставени во неповолна ситуација, смета Димова.
„Во делот на прекугранична соработка во рамката 2007-2010 предвидени биле околу 17,09 милиони евра. Од тие 17 милиони евра, Македонија има искористено само 1,87 милиони, значи неполни 2 милиони евра се искористени од 17 што се на располагање или нешто околу 10 проценти од парите. Тоа е ужасно ниска стапка на апсорпција.“
Бројот на склучени договори во 2007 бил во износ од 0,27 милиони евра од 3,44 милиони кои сме ги имале на располагање, што е нешто повеќе од 6 отсто, вели Димова. Како се одвивале работите понатаму?
„Во 2008, од 2,85 милиони до декември 2011 склучени договори имало нула, ниту еден, тоа значи искористеност нула. Од 2009, на располагање имало 3 милиони – склучени договори нула, од 2010, од 3 милиона – склучени договори нула.“
Професор Назми Малиќи вели дека користењето на ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе обезбеди придобивки и за Македонија и за Косово. Но зошто досега немаше организирано повлекување на парите?
„Одделни проекти ја губат добивката поради неажурноста или поради нефункционалното однесување на носителите на проектите. Главен носител, се разбира, што треба да ги координира, што треба да ги следи од наша страна е владата на Македонија.“
Во делот на прекугранична соработка во рамката 2007-2010 предвидени биле околу 17,09 милиони евра. Од тие 17 милиони евра, Македонија има искористено само 1,87 милиони, значи неполни 2 милиони евра се искористени од 17 што се на располагање или нешто околу 10 проценти од парите. Тоа е ужасно ниска стапка на апсорпција.Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.
Извршниот директор на Македонскиот центар за европско образование Лидија Димова вели дека од 2007 кога се создавале оперативните програми, поради политички проблеми, парите се инвестирале во граничниот премин меѓу Македонија и Косово.
„Што е малку иронично, затоа што зборувате за прекугранична соработка, а ја остварувате преку зајакнување на границите наместо обратно, ама тоа е. Сега ќе видиме што ќе се случи. На располагање е одредена сума на пари. Апсорпцијата на македонска страна во делот на прекугранична соработка е ужасна, мислам многу е лоша и не знам што треба да се случи за да може да се подобри апсорпцијата на парите.“
Апсорпцијата на македонска страна во делот на прекугранична соработка е ужасна, мислам многу е лоша и не знам што треба да се случи за да може да се подобри апсорпцијата на парите.идија Димова, Македонски центар за европско образование.